Дали партиската организација во Македонија можеше да ги спаси Евреите?

Cepreganov, Todor (2015) Дали партиската организација во Македонија можеше да ги спаси Евреите? In: Дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година, 27 Jan 2015, Skopje, Macedonia. (Unpublished)

[img] Text
Евреите во НОВ.docx

Download (24Kb)
[img]
Preview
Image
20150610_215241.jpg

Download (1799Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
20150610_215320.jpg

Download (1992Kb) | Preview

Abstract

АПСТРАКТ По окупацијата на Кралството Југославија од страна на наци-фашистичкиот окупатор и навлегувањето на бугарската окупаторска војска на територијата на Македонија во рамките на К. Југославија беа воведни антисемитските закони според кои Евреите беа ставени надвор од законот во секој поглед. Дотогашните ционистички организации на Евреите во кои членувала претежно еврејската младина биле забранети. Единствената организирана политичка и воена организација која и се спротиставила на наци-фашистичката окупација беше КПЈ, со своите клонови во покраините. ПК на КПЈ за Македонија од самиот почеток на војната ги повикуваше сите етнички заедници кои живеат во Македонија да се приклучат кон организираната борба на македонскиот народ. Меѓу нив беше и еврејската заедница. Тие беа запознаени со фактот за геноцидот кој се прави над нивите роднини и пријатели од другите делови на Европа. Го имаа предвид и фактот дека единствено преку активното вклучување во редовите на комунистичката организација и заминувањето во партизани постои можност за нивно спасување. Затоа и не треба да чуди што голем број од еврејската младина и постари сесрдно го помагаа НОД. Но во годините кога се случуваше гетоизирањето на Евреите и одземањето на човековите права, партиската организација во Македонија поминуваше низ турбулентен период во кој се вршеше диференцијација во однос на про-македонската и про-југословенската линија на македонските комунисти. Повиците за влегување во партизанските единици несомнено ќе имаше ефект ако тие веќе беа формирани ќе можеа да прифатат маса млади Евреи кои беа спремни да излезат во партизанските одреди бидејќи тоа им беше и единствениот спас. Ако историјата е минато свршено време, прашањето е можеше ли ПК на КПЈ за Македонија да направи нешто повеќе за спасувањето на Евреите во Македонија, а не по војнаата одредени партиски функционери да шпекулираа и кривицата да ја префрлат на Еврејската заедница.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Todor Cepreganov
Date Deposited: 15 Jun 2015 13:28
Last Modified: 15 Jun 2015 13:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13317

Actions (login required)

View Item View Item