Теренско истражување во Охридско

Janevski, Vladimir and Ilic, Blagica and Ilievska, Melita (2015) Теренско истражување во Охридско. [Image]

[img] Video
Терен - Охридско - Струшко Поле.wmv

Download (22Mb)

Abstract

Студентите од катедрата за етнокореологија во периодот од 16,17 и 18 март 2015 год., реализираа теренско истражување во етничките предели Охридско и Струшко Поле, Охридски крајбрежни села и Струшки Дримкол. Истражувањето беше реализирано во селата: Мешеишта, Требениште, Климештани, Волино, Дрслајца, Косел, Лакочереј, Мороишта, Мислешево,Вевчани, Коњско, Елешец, Пештани и Трпејца. За текот на истражувањето беше употребен водич за теренско истражување опфаќајќи ги темите: Застапеност на орски репертоар;Антропологија на игра; Простор и места за игра; Обредни игри; Соборски ора; Народните инструменти во орската традиција, Регионална поделаба на играорни подрачја; Стилски карактеристики и др.Студентите беа поделени во неколку групи и секоја група во текот на тридневното истаржување работеше на монографско истражување на одредени села во одреден етнички предел или подпредел. На крајот од работниот ден беше реализиран пресек на денот со усни и аудио-видео излагања на секоја студентска група, а од страна на професорите беше реализирана дискусија за етнокореолошките карактеристики на Охридско-Струшкиот регион со визуелна мотивирачка презентација на документарни филмови за Чалгиската музика во Македонија и Занаетите во градот Охрид. Резултати од истражувањето Од теренското истражување беше собран голем емпириски аудио и видео материјал кој ќе биде соодветно архивиран и анализиран.

Item Type: Image
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Janevski
Date Deposited: 14 May 2015 07:54
Last Modified: 14 May 2015 07:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13009

Actions (login required)

View Item View Item