Присуство на функционални промени на забите во релација со консумирањето на безалкохолни пијалоци

Denkova, Natasa and Jordanovski, Dalibor and Gogusovska, Marija (2014) Присуство на функционални промени на забите во релација со консумирањето на безалкохолни пијалоци. In: 21ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 May 2014, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[img] Text
kniga_abs_stud_2014.htm

Download (18Kb)
[img]
Preview
Text
Poster.pdf

Download (1238Kb) | Preview

Abstract

Ерозиите и абразиите како функционални промени на забите етиолошки се поврзуваат и со консумирањето на вештачки газирани пијалоци.Процена на присуството на ерозии кај студентите по Дентална медицина во релација со консумирањето на безалкохолни газирани пијалоци. Испитувањето го направивме на 40 испитаници од обата пола од четврта година од студиската програма по Дентална медицина од Факултетот за медицински науки, при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип. За реализација на целта беше подготвен анкетен анонимен прашалник. На сите испитаници беше направен клинички преглед и нотирани функционални промени од типот на ерозии. Добиените резултати од клиничкиот преглед и анкетниот прашалник статистички ги анализиравме. Врз основа на добиените и обработените резултати не беше констатирано постоење на поврзаност помеѓу присуството на ерозии со консумирањето на газирани пијалоци во истражувачкиот примерок. Функционалните промени на тврдите забни ткива се јавуваат во релација со многу фактори: консумирањето на вештачки безалкохолни пијалоци, возраста, начинот на четкање на забите, трауматската оклузија, системските заболувања и многу други. Сите овие етиолошки моменти поретко самостојно но најчесто заеднички допринесуваат за појава за функционални промени на забите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 27 Feb 2015 08:35
Last Modified: 07 Aug 2015 12:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12822

Actions (login required)

View Item View Item