Мануелна терапија на цервикален дел

Kolevska, Monika (2013) Мануелна терапија на цервикален дел. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_monika krajno.pdf

Download (4079Kb) | Preview

Abstract

Мускулно-скелетниот систем претставува најголемиот конзуматор на енергија, но во исто време и најголемиот извор на болка, непријатности и намалување на способноста. Телесните дисфункции можат да бидат општи или локализирани, конкретни, или рефлекторни, акутни или хронични. За определување на болката е потребно конкретно насочување на засегната област, ткиво или структура. Задолжителен услов за адекватна мускулно-слекетна кинезитерапија е тесната врска помеѓу науката и праксата. Цервикалниот дел од ’рбетниот столб има предиспозиција за значителни динамични и статични натоварувања поради својата голема подвижност. ‘Рбетниот столб често е трауматизиран, а повредата е значителен етиолошки фактор за вертеброгени нарушувања. Неправилното држење на телото, зголеменото статично натоварување, мускулниот хипертонус и функционалните блокади предизвикуваат намалена подвижност на цервикалниот дел, главоболка со иридација на болката кон слепоочниците, вртоглавица, чувство на вкочанетост и тежина на рамениот појас. Предмет на оваа студија се 20 испитаника (13 жени и 7 мажи) со средна возраст 43,5 години. Добиените резултати од спроведената мануелна терапија демонстрираат нормализирање на нарушените функции на цервикалниот дел, редукција на мускулниот дисбаланс, намалување на субјективната симптоматика како и на болковата симптоматика.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: болка, кинезитерапија, хипертонус, блокада, мобилизација
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:56
Last Modified: 01 Jul 2014 12:56
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10320

Actions (login required)

View Item View Item