Приказ на случај, улога на медицинска сестра во подготовка, третман, нега на пациент и негово лекување

Petrovska, Frosina (2014) Приказ на случај, улога на медицинска сестра во подготовка, третман, нега на пациент и негово лекување. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_lektoriran trud.doc.docx

Download (4Mb)

Abstract

Генерално, морфогенезата, растот и развојот на ембрионот и на фетусот, се одвива според генетски позната временска рамка што не е секогаш точно одредена и фиксна. Можни се и варијации, како од квалитативен, така и од квантитативен аспект, па појавата на некои елементи може да се случи порано или подоцна, во прифатливи временски отстапувања. Според тоа, сѐ додека формирањето на органите се случува во очекуваните временски интервали не станува збор за избрзано или задоцнето созревање, затоа периодите на развој се флексибилни и реално формирањето се одвива околу дадената гестациска недела. Истражувањата поврзани со човековите, ембрионални клетки и тенденцијата за искористување на нивните огромни потенцијали во решавањето на многу медицински проблеми и потешкотии, се еден од поновите предизвици на модерната етика во биомедицинските истражувања. Имено, правилната дијагноза, начинот на современ третман и успешното излекување на секое нарушување, болест или синдром, претставува предизвик на медицинските достигнувања на денешницата. Токму поради комплексноста на состојбата и појавата на компликациите на Wunderlich синдромот, оваа тематика е опширно обработена во овој специјалистички труд.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: синдром, компликации, систем, уринарен, бубрези.
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 12:41
Last Modified: 01 Jul 2014 12:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10303

Actions (login required)

View Item View Item