Дијагностика на Дијабетес мелитус тип 2 кај обезни пациенти

Ruskovska, Tatjana and Popovska - Dimova, Zaneta and Nikolovski, Vlatko (2014) Дијагностика на Дијабетес мелитус тип 2 кај обезни пациенти. In: 14-ти Семинар за квалитет контрола информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, 18-22 June 2014, Охрид, Македонија.

[img]
Preview
Text
Ohrid, 2014.pdf

Download (6Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
Апстракт, Охрид.pdf

Download (232Kb) | Preview

Abstract

Дијабетес мелитус тип 2 претставува метаболно заболување кое се карактеризира со инсулинска резистенција и релативен инсулински дефицит. Околу 90% од пациентите со шеќерна болест всушност имаат Дијабетес мелитус тип 2. Најголемиот процент од заболените од тип 2 дијабетес се со прекумерна телесна тежина и со предоминантна распределба на масното ткиво во абдоминалната регија. Дијабетес мелитус тип 2 често пати останува недијагностициран во подолг временски период бидејќи хипергликемијата најчесто се развива постепено и не ги дава карактеристичните симптоми. Но и покрај тоа кај овие пациенти постои ризик за развој на микроваскуларни и макроваскуларни компликации. Токму ова ја нагласува потребата за рано дијагностицирање на дијабетот кај ризичните групи пациенти, каде спаѓаат и обезните лица. Препораките за дијагностицирање на Дијабетес мелитус тип 2 со децении се базираa на следниве критериуми: мерење на концентрацијата на гликоза во крвта на гладно и 2 часа по оптоварување со раствор од 75 g гликоза анхидрид при оГТТ – (орален гликоза толеранс тест). Но, во 2009 година Меѓународен експертски комитет препорача употреба и на хемоглобин А1c (HbA1c) за дијагностицирање на Дијабетес мелитус, заедно со останатите лабораториски испитувања кои беа правени дотогаш. Имајќи ги предвид овие податоци од литературата, нашето истражување беше насочено кон согледување на значењето на HbA1c во раното дијагностицирање на Дијабетес мелитус тип 2 кај обезни пациенти, во согласност со гореспоменатите препораки. Aнализата на податоците од истражувањето покажа дека дури кај 25 пациенти, од вкупниот број 102 пациенти вклучени во истражувањето, HbА1c овозможи рано дијагностицирање на Дијабетес мелитус тип 2, кој инаку не би бил детектиран само со помош на оГТТ. Овие резултати говорат за потребата од поширока примена на оваа метода во рутинските клиничко-биохемиски лаборатории. Комплексноста на самата анализа пак, од своја страна бара имплементација на највисоки стандарди во преаналитиката и контролата на квалитетот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 27 Jun 2014 12:57
Last Modified: 27 Jun 2014 12:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10220

Actions (login required)

View Item View Item