Корелација помеѓу формата на максиларниот алвеоларен лак и обликот на лицето

Zlatanovska, Katerina and Ertekin, Ebru and Gosevska, Marija (2014) Корелација помеѓу формата на максиларниот алвеоларен лак и обликот на лицето. In: 21ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 May 2014, Охрид, Р.Македонија.

[img]
Preview
Text
__fileserver_userfiles$_katerina.zlatanovska_Desktop_Korelacija studentski kongres.pdf

Download (652Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Apstract book Ohrid 2014.PDF - Published Version

Download (25Mb) | Preview
Official URL: http://issuu.com/stomfakskopje/docs/kniga_abs_stud...

Abstract

Цел: Целта на оваа студија беше да се испита постоењето на евентуална корелација помеѓу морфологијата на максиларниот алвеоларен лак и обликот на лицето кај машки и женски студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип. Материјали и метод: Дигитални фотографии од лицето и гипсени модели од горната вилица на 105 студенти по стоматологија (71 женски и 34 машки) со возраст помеѓу 18 и 27 години беа вклучени во оваа студија. Сите индивидуи беа без значајни нарушувања на оклузијата и без претходни ортодонтски третман. Обликот на лицето и на алвеоларниот лак беа анализирани од страна на 3 доктори (двајца протетичари) кои ги класифицираа фотографиите и гипсените модели со помош на визуелни критериуми согласно на методот по Вилијамс, каде разликуваме 3 главни форми - овална, триаглеста и квадратеста. Резултати: Најзастапена форма за обликот на лицето е квадратеста кај машките и овална кај женските студенти, додека пак доминантна форма на максиларниот лак е овална и кај двата пола. Заклучок: Прелиминарните резултати кои се базираат на иницијалното пилот испитување на дел од испитаниците укажуваат дека не постои корелација помеѓу обликот на лицето и формата на максиларниот лак кај индивидуи со нормална оклузија. Клучни зборови: максиларен лак, лице, морфологија

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 20 Jun 2014 11:03
Last Modified: 20 Jun 2014 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10124

Actions (login required)

View Item View Item