kikiritkova-03Мила, тивка и дискретна. Така изгледа Маја за оние кои не ја познаваат надвор од македонската модна сцена. Но, тоа не е она што го познава публиката од неа. Опстојувајќи пет години на македонската модна сцена, таа воведе новини во неа кои досега беа достапни само за оние кои ја следеле светската модна сцена.

Со колекциите „Black&White“, „Black Widow“, “Rock&Romance“ и “Dark Night“ таа направи жесток бум на македонската писта и целосно го измени ликот на македонската мода, движејќи го од конзервативност до несекојдневна авангарда.

бркајработа: Како се случи Маја денес да стане ова што е?

Маја: Цел живот моите родители ме учеа да ги перцепирам работите од друг, уметнички агол, па сето тоа придонесе да ја засакам, почитувам и разбирам уметноста, а со тоа и модата. По завршувањето на студиите во Белград модата официјално ми стана моја професија. Пред тоа ми беше детско, па тинејџерско хоби, за да прераснам во тоа што сум денес. Кога ќе го сумирам целиот период можам да кажам дека цел живот се занимавам со мода, иако само пет години модата е моја официјална професија.

бркајработа: Можеш ли да ни издвоиш една твоја ревија која ти оставила посебен впечаток?

Маја: Сите ревии ми се многу драги. Тоа е исто како на мајка да и кажеш да издвои едно дете кое и е посебно драго. Не би можела да издвојам посебна ревија, бидејќи сите имаат своја енергија, своја приказна, своја инспирација.

бркајработа: Од каде добиваш инспирација за твоите колекции?

Маја: Патувањата, книгите, филмовите и луѓето кои ме опкружуваат ми се вечна инспирација за моите колекции. Во моите колекции можат да се пронајдат жени кои се силни, јаки, независни, излезени од конзервативно и влезени во едно ново општество.

kikiritkova-02бркајработа: Како поминува еден работен ден на Маја?

Маја: Бидејќи работам на Технолошко-техничкиот факултет во Штип, мојот работен ден до 16 часот е сличен. Предавања, вежби, студенти, сето тоа е дел од мојата работа. После 16 часот денот почнува да добива една нова, креативна димензија. Цртање, создавање нешто ново, контакт со клиенти, сето тоа е дел од мојата работа. Со ова може да заклучите дека немам фиксни осум работни часа, мојот работен ден се случува да трае и до 12 и 15 работни часа.

бркајработа: Колку е исплатлива оваа струка во нашата земја?

Маја: Не велам дека не се заработува од оваа работа, но тоа се периоди во годината како што се периодот на матурските и свадбите. Луѓето не се научени да купуваат секојдневна облека кај дизајнер. Само во едно сум убедена, дека со ова темпо на работа во странство ќе бев милионер.

бркајработа: Што мислиш за македонските дизајнери. Дали добро си ја вршат својата работа?

Маја: Мислам дека имаме навистина квалитетни модни дизајнери во Македонија, но сè додека модата во Македонија ја третираат како забава, а не како култура, ситуацијата ќе биде таква каква што е денес.

бркајработа: Што би им порачала на македонските дизајнери?

Маја: Со заеднички сили да се избориме и да ја кренеме свеста кај македонските граѓани првично да почнат да ја третираат модата како дел од нивниот живот што ја оддржува нивната динамичност и нивното секојдневно темпо, а со тоа да се навикнат да купуваат македонски дизајнерски парчиња облека.

бркајработа: Дали периодов подготвуваш нешто ново?

Маја: Помина модниот викенд во Скопје, па новата колекција ја испрезентирав таму. Тоа беше една мини колекција, па заедно со моите колеги од Македонската модна формација направивме едно добро дело, една аукциска модна ревија, а парите ги дониравме за Здраствениот детски дом во Скопје.

kikiritkova-01бркајработа: Која е следна ревија каде ќе може да се видат твоите колекции?

Маја: Следната колекција ќе можете да ја видите во октомври, на следниот моден викенд.

бркајработа: Во која земја би работела доколку не работиш во Македонија и зошто е токму таа твој избор?

Маја: Лондон е местото каде што од секогаш сум сакала да живеам. Едноставно тој град има посебна енергија. Таму модата е авангардна и е дозволено буквално сè. Креативноста е на максимално ниво, а токму тоа мене ми треба, да нема ограничувања и бариери во работата којашто ја работам.

бркајработа: За крај, што ќе им порачаш на читателите на бркајработа.мк?

Маја: Бидете свои, оригинални, не копирајте, градете сопствен стил, бидејќи модата избледува, но стилот останува вечен.

Еве дел од креациите на Маја Кикириткова.

122252963_10150205557780939_697415938_7160913_7052623_n252963_10150205557795939_697415938_7160916_6901851_n252963_10150205557800939_697415938_7160917_2541632_n8revija_bawrevija_bbbwrevija_bwrevija_mrevija_majarevija_romancerevija_widowrevija_widow1rewvija_b_widow

Е.Н. | бркајработа

Додај коментар


manu-chao-banner

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа