Маја Кикириткова: Длабочината во еросот ја бараме со очите |
Сцена |
Пишува: Марија Саревска - Тодоровска |
Препознатлива по уникатните и ексцентрични колекции, таа е девојка која не се шегува кога се работи за стилот и содржината што се крие зад површински видливите нешта. Ја сака мистериозната загатка зададена преку облеката, а секоја нова креација започнува од експерментот – од емоција да се дојде до конечен изглед. Колку често ја користите облеката како медиум за испраќање порака до другите, а колку често ви се случува да бидете неразбрани? - Разбраноста доаѓа со сигурноста. Медиумот е успешен само ако имате примач од другата страна, мистичноста е успешен начин за промовирање, само така примачот неуморно ќе е мотивиран да трага по вас. Кога креирате нова колекција пред себе ја имате идејата, или жената на која и прилегаат тие модели? - Пред мене ја имам крајната слика, а потоа таа слика ја ставам во време простор, на крај ја дооформувам со тоа што на неа ќе одберам соодветен лик. А секој мој замислен лик е мозаик од личности, убавината на своите модели ја гледам во сите ликови на планетата! Креаторството е ваш медиум за невербална комуникација со светот преку уметничка креација или едноставно ... - Сите луѓе во светот ги поврзуваат сличниот физикус и емоциите. Сите емоции може да се невербални, а да ни ја откријат сликата на светот во само еден миг. Во тој миг креативниот дел е само една емоција која го бара својот одраз во луѓето со кој ќе дојде до контакт. Кој дел од човечкото тело е најсензуален? - Животински најсензуален е задникот, длабочината во еросот ја бараме со одобрување на очите, кои се мојот најсензуален дел од нас. На кој начин го храните сопствениот вкус за стил? - Со секојдневното спознание, вкусот за стил се храни со многу дегустација, а потоа со определување за највкусниот дел, при што од огромна концентрација на материјали, ќе отпаднат оние кои сме ги означиле како невкусни за нас. Секој стил почнува со експериментот, но не секој експеримент е успешен, за тоа постои и усовршување. Денот не го завршувате без... - Добра мисла, отстранување на нечистотии од лицето, само така сум подготвена да сонувам за моето пронаоѓање во својот свет.Маjја Кикириткова: Длабочината во еросот ја бараме со очите. Од истата категорија
На неговиот шарм и стил на облекување „паѓаат“ многу девојки. Тој знае да ја консумира модата редуцирано, по своја мерка. Веќе дес
Музичката новинарка со изострен вкус за рок, инди, метал, готик и блуз е секогаш спремна да презентира парче уметност на телевизиј
Ја уловивме на заминување на подготовки во Пореч од каде што се враќа деновиве, но тоа не ја спречи да одвои ма
Принципиелна, срдечна, кокетна и елегантна, таа е актерка која кога не ве засмејува или заведува со својата енергија, најмногу од с
|