УТОПИИ / ДИСТОПИИ: ДОКУМЕНТИ 20.04.2013
Тихомир ЈАНЧОВСКИ
Noli turbare monumentum meum!
Јавен перформанс
Локација: центар на Скопје
16.4.2013
Авторот миметички се идентификува со скулптурата на Филип 2 држејќи свијок со негови текстови кои се пародија на проектот Скопје 2014. Текстовите, кои претходно беа објавени на социјалните мрежи, предизвикаа контрадикторни реакции во јавните медиуми кои погрешно ги реинтерпретирале истите како про-владина поддршка.
___________________________________________________________________________
Дијана БОГДАНОВСКА
Asphyxiation
Интервенција во јавен простор (налепници на даскички)
Локација: Тетово
2013
На налепниците е претставен знакот за внимание од задушување од дивоградби, лошо поставени објекти, мртвоградби, односно неискористени простори на институции, празни места итн. што е вистинската утописка средина во Македонија. Налепниците се раздаваат на публиката за да ги залепат онаму каде што имаат порив да ја пренесат пораката.
___________________________________________________________________________
Оливер МУСОВИЌ
Антигона: О, Теба, граду на предци наши, и вие древни богови!
Акција во јавен простор
Локација: ул. „Иван Козаров“, Скопје
17-18.4.2013
Читање на трагедијата „Антигона“ од Софокле и играње друштвена игра „Жив ѕид“ пред недовршените згради Антигона 1 и 2 (од аферата ФИКОМ) во Кисела Вода – „Чешма“, Скопје.
___________________________________________________________________________
Синиша ЛАБРОВИЌ
Обележување
Перформанс
Локација: плоштад „Св. Марко“, Загреб, Хрватска
1.10.2010
Плоштадот „Св. Марко“ е местото каде се наоѓаат трите главни стожери на демократското владеење во Хрватска: Владата, Уставниот Суд и Собранието. На плоштадот се наоѓа и црквата „Св. Марко“. Католочката црква, во последниве 23 години, е четвртата сила во Хрватска. За време на мојот перформанс, на плоштадот беше забрането секаков вид групно собирање и протестирање. Со цел да ја обележам оваа територија, се упатив кон средината на плоштадот, го извадив мојот пенис и измочав круг околу себе.
___________________________________________________________________________
Ѓорѓе ЈОВАНОВИЌ
Мали движења (Small Moves)
Партиципативна акција во јавен простор
Локација: Тирана, Албанија
18.4.2013
Јавна акција во центарот на Тирана во која со неколку млади уметници, преку мали акции и интервенции е направен обид да се манифестираатколективните согледувања за актуелните социјални и политички состојби.
___________________________________________________________________________
Славица ТОШЕВСКА
Робот
Интервенции во јавен простор (апликации)
Локација: повеќе локации во Скопје
2013
___________________________________________________________________________
Јана ЈАКИМОВСКА
Miss Understanding
Интервенција во јавен простор (комбинирана техника)
Локација: ул. „Орце Николов”/ плоштад „Македонија“, Скопје
2013
На местото на кое се планира новиот монструозен споменик на Мајка Тереза финансиран од Субрата Рој, поставувам фигура на Мајка Тереза. Претставувањето на Мајка Тереза како Мис е моја реакција на кичизирањето, банализирањето и дисторзирањето на споменот за неа (почнувајќи од гореспоменатата спомен-куќа) што треба да кулминира со овој триесетметарски квазинадреалистичко-боливудски споменик. Miss Understanding зборува за едно големо misunderstanding кое брзо и сигурно го претвора овој град во некој друг.
___________________________________________________________________________
Александар СПАСОСКИ
Непознат херој
Перформанс (тоалетна хартија)
Локација: Железничка станица, Скопје
2013
Авторот самоиницијативно аплицира рачно изработена маска/портрет од тоалетна хартија на еден од столбовите кај Жележничка станица во Скопје. Идејата е авторот да се постави во имагинарна функција на симулирано ангажиран градски скулптор кој своеволно аплицира сегмент портрет на измислена личност „Непознат херој”.
___________________________________________________________________________
Инес ЕФРЕМОВА
Panem et circenses
Инсталации во јавен простор (постамент, леб)
Локација: повеќе локации во Скопје
2013
Поставување на лебот како скулптура што претставува рефлексија на декларативната определба на владата да го “храни“ националниот идентитет преку новите скулптури и градби. Воедно, лебот како симбол за базични потреби и егзистенција која во Македонија станува се посериозен предизвик.
___________________________________________________________________________
Даниел ГОНЦ
е 101
Интервенција во jавен простор
Локација: Букурешт, Романија
2007
Перформансот сугерира контаминација помеѓу различните периоди од поновата историја, еден двосмислен гест што може да предизвика паника или радост, обид за заживување на ткивото на градот погоден од некроза, рекламна кампања за производ кој недостасува, прашање за солидарност во тромавата Романија од 2007 година.
___________________________________________________________________________
Харалд ШЕНКЕР / Игор ТОШЕВСКИ
Споменификација
Интервенции во јавен простор (пластични плочи)
Локација: повеќе локации во Скопје
2013
Проектот се занимава со преименување на тривијални објекти и локации во градскиот предел со чија деконтекстуализација е направен симболичен обид да им се воведе една поинаква историја и значење.
___________________________________________________________________________
Владимир ЈАНЧЕВСКИ
Анаграматика
Интервенции во јавен простор (текст)
Локација: повеќе локации во Скопје
2013
Анаграмни пермутации поставени на повеќе различни локации.
___________________________________________________________________________
Мирна АРСОВСКА
Археологија Нова
Интервенција во јавен простор (дигитален принт во боја)
Локација: плоштад „Македонија“
2013
Јавно поставен плакат, колажно конципиран од скици, фотографии, цртежи и текст во врска со урбанистичката интервенција на Градскиот плоштад непосредно после земјотресот во Скопје во 1963 година.
(Фото: С. Костовски)
___________________________________________________________________________
Данило МАНДИЌ
Фонотопија
Времена звучна инсталација (лажица, вилушка, нож и хартија)
Локација: Далстон, Лондон, Велика Британија
15.4.2013
Фонотопија е место без место. Фонотопија е место изместено. Фонотопија е звучен простор кој се спротиставува на претходно дадени траектории, функциии граници на урбаниот простор преку ре-иницирање на свои просторни координати и присуство. Фонотопија е времена просторност сама по себе. Фонотопија е звучна формација којa не распознава форми, калапи, категориии дистинкции. Фонотопија не е монолог, дијалог или мултилог. Фонотопија не трага по знаци, репрезентации и нивни значења. Фонотопија не е слободен простор, но не ограничува. Фонотопија не детерминира средства. Фонотопија е звучен акт на, едноставно, дисперзирана присутност. Фонотопија е точка во просторот и времето. Иако документација на Фонотопија е возможнa, нејзиниот топос е недофатлив.
___________________________________________________________________________
Никола УЗУНОВСКИ
Соларни Облаци
Интервенција во јавен простор (комбинирана техника)
Локација: Инститит за технологија „Кинг Монгкут”, Бангкок, Тајланд
8-14.3.2013
Од искуствата добиени од истражувањата и обидите да се реализира летачко тело кое би ја рефлектирало сончевата светлина во областа над Северниот Арктички круг, а во контекст со спротивни метеоролошки карактеристики, се обидов да дадам и решение за проблемот за заштита од пресилните сончеви зрачења, искористувајки ја нивната енергија.
Се реализираа два прототипа, во распон од десет метри и висина од околу три и пол метри, кои беа составени од два слоја полиетиленска фолија, со дебелина од една десеттина на милиметар. За горниот дел од обвивката е користена црна фолија која ги впива сончевите зраци и ги претвора во топлина, а која го грее воздухот во внатрешноста на објектот, правејки го полесен од надворешниот воздух. Со овој процес добиваме еден вид вештачки облаци кои можат да се користат за засенување на одредени зони и да се контролира нивната микроклима.
___________________________________________________________________________
Филип ЈОВАНОВСКИ
За општина Центар
Интервенција во јавен простор (текст)
Локација: неколку локации низ центарот на Скопје
2013
Фотографирање на работници коишто работат на изградба на дел од објектите на проектот Скопје 2014 со текст/цитат од Карл Маркс. Акцијата претставува „упад” во идејата за капиталистичкото планирање на центарот на град Скопје.
___________________________________________________________________________
Миле НИЧЕВСКИ
Замка за Афродита
Интервенција на фасада (текст/графити)
Локација: Неколку локации во Гевгелија и Скопје
2013
Стихови од Сафо (Sappho) напишани со грчко писмо (стихови од поемата “Hymn to Aphrodite”).
___________________________________________________________________________
Ивана ДРАГШИЌ
Public art
Интервенции во јавен простор
Локација: повеќе локации во Скопје
2013
Интервенција со слики/дела на Александар Станковски на различни јавни локации низ град Скопје. Третирањето на современото уметничко наследство, новите форми на (јавна) уметност промовирана со проектот „Скопје 2014“ и уметниците како спроведувачи и апологети на идеи, се трите оски околу кои гравитира ова дело.
___________________________________________________________________________
Владимир НЕДЕЛКОВСКИ
Ова не е обична хартија
Инсталација во влез од зграда
Локација: ул. „Орце Николов”, Скопје
2013
На ѕидот од влезот, точно од спротива на вратата од еден стан се поставени 30 фотографии од вратата со кеса ѓубре покрај неа.
Leave a Reply