Руски рулет со светската економија

15/10/2012  //  Пред 1 месец  //  КОЛУМНИ  //  Коментирај

slikata

Она што денес го гледаме во светската економија, е се поостра борба на група капиталисти облечени со различно национално руво  кои се трудат  конкурентите и своите работници да ги примораат,  да ја платат цената на глобалната криза , предизвиканa со финансискиот крах во 2008г. Прашањето кој ќе ја плати цената за сите долгови, доведува до борба помеѓу водечките капиталистички земји, која  непосредно ќе има влијание и консеквенции врз иднината на светската економија. Ваквата тенденција, претставува борба помеѓу земјите доверители со висок трговски суфицит и стапка на штедење ( најмногу Кина и Германија)од една страна и од друга страна, националните економии со огромен трговски дефицит и висока стапка  на задолженост (најмногу САД, и високо задолжените земји во ЕУ).

САД, во глобала обезбедува пазар за кинеските производи, а истовремено позајмува од Кина долари кои се трошат на овие производи, во функција и помош на финансирање на сопствениот дефицит во платниот биланс.САД, водат економска политика, да ја искористат зависноста на Кина од нивниот домашен пазар со огромна апсорпциона моќ, како и предноста на доларот како глобална валута на меѓународни резерви. Всушност, на тој начин САД  вршат принуден притисок на Кина, да го сервисира нивниот мегаломански трговски дефицит. Оваа кохерентност им овозможува на САД да ја одржат  јавната потрошувачка и растечкиот државен долг, на начин преку кој се избегнува појава на ненадејно фискално прилагодување кое што ќе ја турне економијата во пад од огромни размери. Меѓутоа, потребата за отплата на долгот и одржување на економскиот раст преку извоз, ги натера САД и Кина од постојано меѓусебно девалвирање на  валутите. Како последица на ваквта состојба, кичмата на  глобалниот економски раст во изминатите децении е под се поголемо оптоварување.САД ја обвинуваат Кина дека манипулира со својата валута. Кина возвраќа со тоа дека е доведена во прашање сигурноста на кинеските инвестиции во САД и предлага идеа за нова валута како меѓународна резерва.

.Во Европа, длабочината на финансиската криза, во вистинска мера го одржува огромниот дисбаланс во европската економија. Економскиот раст на Германија во голема мера зависи од нејзиниот огромен трговски суфицит кој се остварува преку трговија со високо задолжените економии. Овој однос, го проширува јазот во конкурентноста помеѓу Германија и остатокот од Еврозоната. Имено,од една страна за  Германија не претставува посебен проблем да ја редуцира цената на трудот со намалување на јавната потрошувачка, а од друга страна, потребата на презадолжените економии од Јужна Европа да позајмуваат пари за да ја поттикнат потрошувачката, не го даде очекуваниот ефект. Всушност, еврото во економската политика на Германија е во насока” принуди ги комшиите да просат (beggar-thy-neighbour, израз кој ја означува економската политика која и помага на  една земја а и штети на друга) под услов, прво сопствените работници да ги претвори во просјаци”. Tргнувајќи од тука, самата иднина на еврото е доведена во прашање.”Германскиот министер за финансии, Волфганг  Шојбле, предложи формирање на Европски монетарен фонд, кој ќе ги спасува земјите членки на Еврозанота на кои им се заканува банкрот, во замена за затегнување на потрошувачката. Истовремено според Пактот за стабилност и развој земјите членки на ЕУ не смеат да имаат буџетски дефицит поголем од 3% од националниот доход. Тој предлага да се воведат казнени одредби за државите кои ќе го прекршат ова правило, на начин со којшто ќе му се оневозможи да ги користат финансиските фондови на ЕУ, или пак привремено ќе им се суспендира правото на глас. Државите, така би имале право да одберат да ја напуштат еврозоната, а да останат членки на ЕУ  “

Меѓутоа, позицијата во која Кина и Германија се наоѓаат потполно е некохерентна. Всушност и двете држави веруваат дека нивните муштерии треба да продолжат да ги купуваат нивните производи, а истовремено да престанат со “неодговорното” задолжување. Всушност, водечките економи ја влечат светската економија во битка”претвориго комшијата во просјак ”: преку намалување на приватната и јавната потрошувачка, се со цел да се зголеми извозот каде што како импликација на ваквата рестриктивна економска политика, се јавува огромен пад  на трговијата. Од друга страна  доколку пазарите на другите земји се во рецесија и тие се приморани да ја намалат потрошувачката во функција на пумпање на извозот.

На овој начин, самите обиди на водечките економии за надминување на глобалната финансиска криза, се закана да ја вовлечат светската економија во нова економска криза.

М-р Влатко Пачешкоски

 

 

Остави коментар

comm comm comm