Колумни: Лицемерието на современиот капитализам

02/11/2012  //  Пред 4 недели  //  КОЛУМНИ  //  1 Коментар

slikata

Денес сме сведоци и очевидци на тоа како светскиот финансискиот систем успеа да се спаси од колапс. Но, цената на таквиот исход се натрупани планини на надворешен  долг, кој кога тогаш мора да се плати. Ваквата состојба предизвикува намалување на потрошувачката и стегање на ременот на вработените. На овој начин капиталистите ризикуваат да ја редуцираат потрошувачката, со цел и во насока на заздравување  на глобалната економија на краток период, притоа туркајќи  ја во нов циклус на рецесија.

Нормално, намалувањето на потрошувачката и трансформирањето на вработените во невработени e проследено со намалување на стапката вишок на новосоздадена вредност. Имено, кога сето тоа е во корелација со уништување на непрофитабилниот капитал и девалвација на капиталот во текот на рецесија, создадени се услови за нов круг на акумулација. Меѓутоа, постои проблем од недостаток на потрошувачка на краток рок-што е многу фундаментално- а денес во актуелната  рецесија не видовме ни маргинално “креативно уништување”. Наспроти тоа големите банки и транснационалните корпорации ( на пример “Ford, Chrysler”), “кои се преголеми за да пропаднат”, се помагаат со државни субвенции и интервенции. Наместо чистење на непрофитабилниот капитал се акумулира куп на долгови, кој е пречка( бариера) која спречува ново креирање на профитабилност и нов циклус  на економски раст.

Всушност, вбризгувањето на пари во банките и корпорациите за да се одржат на површина, можи да предизвика државен банкрот. Затоа што, “банките и корпорациите се преголеми за да пропаднат”, државниот банкрот се заканува кога изворите на кредит пресушат и кога институциите ја изгубат довербата во способноста на должникот да го отплати долгот. За тоа  експлицитен пример е Американската инвестициона банка ”Liman braders” момент кога кредитот, крвотокот на капиталистичкиот систем, едноставно престане да тече. Во тој случај се најавува пролонгиран крах, со последица каде една голема рецесија се трансформира во нова, проследена со намалување на меѓународното движење на капиталот и меѓународната трговија.

Сепак, ова не е или-или сценарио. Доколку некои држави ги анулираат долговите и ја намалат потрошувачката за стоки и услуги од други држави, тогаш ќе изгубат добар дел од фискалните приходи и зголемувањето на јавната потрошувачка. Имено, ваквата состојба според економската логика и како резултат на  се поголемата меѓузависност на државите, ќе навести влошување на економската состојба во други држави.Во овој случај ќе се појави закана од уште еден кредитен слом, пропратен со нова финансиска криза. Слично на тоа, враќањето на државата која по дефиниција не е ефективен и ефикасен реалокатор на ресурси, ќе иницира растечки конфликт и закана од покрај економска и политичка криза во меѓународни и регионални институции кои управуваат со финансискиот капитал и носат политички одлуки: на пример, фрагментацијата и поделеноста  во еврозоната.

Тоа значи дека едноставни решенија за криза нема,  затоа што сите поделби, фрагментации, патишта треба да водат кон една цел – реално надминување на економската криза. Досегашната пракса потврдува дека непланираната и анархична природа на капитализмот како систем и денес не доведе до работ на провалија- затоа што: тоа што  е рационално за индивидуалниот капиталист и капиталистичката држава не е рационално за системот како целина.

 

М-р Влатко Пачешкоски, Асистент на Економски факултет – Штип

1 Коментар за "Колумни: Лицемерието на современиот капитализам"

  1. R. 02/11/2012 at 09:48 · Reply

    Асистентот е во право АКО ги земеме предвид следниве претпоставки:
    1. под Капитализам мнозинството граѓани, вклучувајќи ги и професорите, го подразбираат сегашниот МЕШАН систем (а, чудно е што во сите учебници по економија го нарекуваат МЕШАН систем, а во јавност некако ова мешан стана чист, па и турбо Капитализам!?), систем во кој ПОЛИТИЧКИ појакиот се ослободува од одговорноста да ги почитува правилата на игра (туѓата сопственост, облигационите обврски итн.); и

    2. навистина нешто што за мене е рационално – на пример, да фрлам ѓубре кај Х во двор наместо во отпад и да плаќам за тоа – можеби не е рационално за системот како целина. Но, што стана со заштитата на сопственичките права – СТОЛБОТ на Капитализмот – кои треба да обезбедат дека ваквите ситуации ќе бидат МИНИМИЗИРАНИ и КАЗНЕТИ!? Зошто Х не може да ме спречи да фрлам ѓубре кај него во башта?
    Каде исчезна наеднаш овој заштитен механизам без кој Капитализмот не ни можел да се роди!?
    Прашањето е ЗОШТО постојат вакви ситуации кадешто јас можам да ти фрлам ѓубре во двор и да НЕ одговарам!

    Но, сите овие прашања се непотребни за стигнување до академска диплома, така да, РАЦИОНАЛНО за асистентот е никогаш да не си ги постави и да не троши време и енергија со истите.

Остави коментар

comm comm comm