ТРАНСФЕРОТ НА КУЛТУРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ПРИ ПРЕПЕВОТ НА СТИХОЗБИРКАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ОД КОЧО РАЦИН
Abstract
Културните елементи во стихозбирката Бели мугри можат да се поделат во две групи: експлицитни и имплицитни. Експлицитните елементи директно упатуваат на македонската култура и во нив спаѓаат: типични македонски антропоними и топоними, цитати од македонски народни песни или пословици и реалии. Во имплицитни елементи ги вбројуваме оние елементи кои индиректно упатуваат на македонската култура, а во кои спаѓаат некои фонолошки, лексички, синтаксички и фигуративни обележја на поезијата на Рацин карактеристични за македонската народна поезија. Ставајќи го акцентот врз експлицитните културни елементи, овој труд има за цел да прикаже во колкава мера оддалеченоста меѓу културите влијае врз процесот на преведување, земајќи предвид дека руската и македонската култура го споделуваат словенското културно наследство, што не е случај со француската култура.