Насловот на делото, I am Décor, како и темата и техниката на изведба се вмрежуваат во едно прашање: кој или што е декорација? Дали урамениот гоблен, како аматерско уметничко дело, е декорацијата? Дали декорацијата е претставата на убавата жена, без разлика на техниката? Или можеби жената сама по себе е таа која е декорација? Бидејќи и авторот на на претставата на жената која е фактичката декорација е несомнено жена, излегува дека сите одговори се во игра. Живееме во општества во кои жените над сè се оптоварени со тоа да изгледаат добро, општества во кои вредноста на жената е одредена спред килажата, должината на нозете, обемот на гради и густината на косата, општества во кои сè уште е поприфатливо жената да е „украс на домот“ отколку хранителка на семејството, или пак, не дај боже, сама и бездетна жена со кариера. Обврска на сите нас е да ги промениме овие наши општества, и секогаш може да се почне од овие прашања.