Трио „Grazioso“, кое го сочинуваат :д-р Невенка Трајкова (пијано) , м-р Кристина Палија (сопран) и Менка Богоевска (виолина), неодамна ја претставија Македонија на турнеја низ Мароко.
За нивниот настап пишува и мароканскиот веб-портал alkhabaralaan.com кој вели дека нивниот настап е доказ за промоција на културната коегзистенција во светот и дека настапот ги воодушевил присутните каде што тие настапувале со свои колеги од други држави.
Турнејата ги вклучи градовите: Маракеш, Келаа, Рабат, Казабланка, Лараче и Тетуан. Имаа чест да го отворат и познатиот „Триатлон“, кој се организира секоја година во Лараче и на кој има учесници-спортисти од целиот свет.
Трио „Grazioso“успешно ја представи Македонија и на сцените во Словенија, Австрија, Шпанија и Бугарија .





Британците се изјаснија за напуштање на ЕУ
Отворен комплексот „Македонско село“-
ЕУРО 2016:Блиска средба на Рамос и Модриќ во тунелот на стадионот по крајот на средбата помеѓу овие две селекции (ВИДЕО)