Стопанска комора на Македoнија на Facebook
Стопанска комора на Македoнија на Twitter
Стопанска комора на Македoнија на YouTube
Стопанска комора на Македoнија на YouTube
16.12.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:“Уредување на стопанските договори со меѓународен елемент и правна заштита во случај на нивно непочитување”, Скопје, Р.Македонија

16.12.2015 (Бизнис средби)
Унгарско-македонски економски форум и билатерални средби- 16-17.12.2015 Будимпешта

17.12.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар: „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА НА НИВО НА ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

17.12.2015 (Семинар)
Дводневен семинар на тема: Модели на заработка и методи за проценка на резултатот на вработените

21.12.2015 (Тренинг обука)
Обуки на градежни работници за стекнување вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност

21.12.2015 (Семинар)
Дводневна обука:„ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007”

22.12.2015 (Семинар)
"Најновите измени на Законот за архивски материјал, Е-Архива и имплементација на електронско управување со канцелариските материјали по организациони единици"

23.12.2015 (Семинар)
Практична обука на тема:„ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

24.12.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:„МОЖНОСТИ И НАЧИНИ НА НАПЛАТА НА СПОРНИТЕ ПОБАРУВАЊА ОД ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ“

28.12.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар: „Постапка при откажување на работен однос, постапка во спорови од областа на Законот за заштита од вознемирување на работно место, право на надомест на штета поради повреда на работа",Скопје, Р.Македонија

13.01.2016 (Саем)
27. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХОТЕЛСКА ОПРЕМА И УГОСТИТЕЛСТВО, 13-16.01.2015

10.02.2016 (Саем)
23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ -10-13 февруари 2016 Анталија, Р. Турција

26.02.2016 (Конференција)
Меѓународна конференција и саем ,,Новите технологии во образованието“ 26-27 февруари 2016 година, Белград, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.11.2015


Актуелно  

Стручна расправа за улогата и важноста на индустријата за основни метали во националната економија - СО СТИМУЛИРАЊЕ НА БАЗНАТА И ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ ОТВОРААТ РАБОТНИ МЕСТА


Стручната расправа  на тема: Идентификување на генерирачките потенцијали на носечките индустриски сектори во Република Македонија низ примерот   на проучувањето на улогата и важноста на индустријата за основни метали во националната економија, Стопанската комора на Македонија ја организира првенствено да се презентираат податоците од студијата за значењето на индустријата на основни метали и, секако, со цел размена на искуства и дефинирање на правците на нашето учество и придонес во натамошниот индустриски развој на државата, истакна во своето воведно обраќање д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Комората.

 

Д-р Георгиева најнапред информираше дека во насока на активно учество на Комората во процесот на унапредување на пазарното стопанство, претпиемништвото и конкурентноста на своите членки, Стопанската комора на Македонија активностите во наредниот период ги насочува кон надградување и зајакнување на институционалниот капацитет преку реализирање на истражувачки и аналитички проекти и согласно тоа Комората во иднина до Владата и до другите надлежни институции ќе се обраќа со барања и мерки кои ќе бидат поткрепени со научни студии и анализи за различни теми кои се од значење и барање за нашите членки, а се во насока на подобрување на деловната клима во РМ. Во таа насока освен соработката со домашни експерти и институции за подготовка на стручни анализи, е и зачленувањето на Стопанската комора на Македонија во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, како и новоформираниот Клуб на доктори на науки, кој ќе делува во рамките на Комората и преку кој ќе се реализираат научни и истражувачки проекти.

- Основата на денешната стручна расправа е „Економската импакт-анализа и студија за проучување на развојниот потенцијал на индустријата на основни метали“ чии автори се д-р Митко Кочовски и д-р Дарко Лазаров, а низ примерот на квантифицираните економски показатели за индустријата на основни метали ќе се обидеме да ја спознаеме потребата и за вакви анализи на другите носечки индустриски гранки, кои имаат најголем производен и пред се` извозен потенцијал,  додаде д-р Георгиева.

Ваквите анализи се очекува да бидат доволен аргумент за редефинирање на индустриската политика во државата во насока на поддршка на другите пропулзивни  индустриски гранки. И во светски рамки, реиндустријализацијата тесно се поврзува со натамошниот развој на економијата, при што нагласено место има индустријата на основни метали, односно челичната индустрија. Согласно значењето на оваа индустрија, натамошниот индустриски развој би можел да се гледа низ развојот на индустриите кои го користат челикот како основен репродукционен материјал, како што се металопреработувачката индустрија, машиноградбата, градежништвото и др.

Осврнувајќи се накусо врз квантификациите изнесени во студијата кои даваат јасен аргумент дека индустријата на основни метали преку своето директно учество и уште повеќе преку индиректно учество во креирањето на БДП е главниот столб и носечки сектор на македонската економија во изминатиот период, таа му даде збор на доц. д-р Дарко Лазаров, еден од авторите на студијата, кој ги изнесе клучните наоди и поенти до кои се дојде при обемното истражување во кое беа опфатени 12 компании од челичната индустрија, феролегурите, леарската дејност. Направените проценки на директниот импакт преку квантификација на придонесот на индустријата на основни метали во БДП, националниот извоз, генерирање на работни места, платите на вработените, даноците и корпоративно општествената одговорност покажуваат дека релативното директно учество на индустријата за основни метали во БДП на земјата изнесува 5,73 % во 2007 година и 1,36 % во 2014 година, додека релативното учество во индустријата е значително поголемо и изнесува 33,53 % во 2007 година и 7,56 %, во 2014 година. Релативното учество на извозот на индустријата за основни метали во вредноста на вкупниот извоз на земјата изнесува 31,5 % во 2007 година и 13 % во 2014 година. Компаниите во индустријата на основни метали вработуваат околу 6500 вработени, но металургијата иницира дополнителни 20.000 вработени во различни сектори, и поттикнува дополнителен круг на производство (преку синџирот на снабдувачи и стимулирање на потрошувачката) што се рефлектира во зголемување на нејзиниот придонес во БДП за дополнителни 18,27 %. Контрибуцијата на компаниите преку плаќање на даноци и придонеси и нивната корпоративно општествена одговорност како индикатори преку кои се мери директниот импакт покажуваат дека компаниите во рамките на индустријата на основни метали во форма на персонален данок на доход имаат исплатено кон државата вкупно 2,06 милијарди денари во 2007 година и 730 милиони денари во 2014 година. Дополнително, во рамките на студијата преку анкетно истражување на самите компании беа детектирани ограничувањата и бариерите со кои се соочува индустријата на основни метали во изминатиот период, како што се високите трошоци на енергенсите, неквалитетна патна инфраструктура и ограничениот пристап до финансии.

Д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Комората и коавтор на студијата, во своето излагање го потенцираше значењето на индустријата на основни метали и со практични примери од европските земји. Карактеристичен е примерот со Словачка, која пакет-мерки стави во функција на  поддршка на челичната индустрија, а Европската комисија донесе исто така сет мерки во функција на враќање на учеството на челичната индустрија  на нивото пред глобалната економска криза ( 25%). 

Во дискусијата учествуваа претставниците на најзначајните металуршки капацитети во државата кои беа единствени во ставот дека металургијата го нема соодветното место во мерките на економската политика на државата кое би било адекватно на нејзиното значење, реализираните макроекономски параметри и мултипликативните ефекти врз вкупната национална економија.
Претседателот на бордот на директори на „Макстил“ АД - Скопје, и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Минчо Јорданов, истакна дека идејата за анализирање на ефектите што ги дава оваа базична индустрија како основа за соодветни економски политики за крајна цел има отворање на нови работни места. Факт е дека индустријата на основни метали како базична индустрија делуваше во услови на криза без адекватни мерки на економската политика. Имено, оваа е единствена индустрија во државата, но и единствен пример каде што индустриските капацитети се надвор од енергетскиот систем на државата. Компаниите како големи потрошувачи плаќаат исклучително високи цени за природниот гас како еден од главните енергенси, а посебен проблем се цените на транспортните услуги, при што вака високите трошоци Јорданов ги спореди со трошоците за енергија и транспорт  во земјите кои се нашите конкуренти на глобален план. Развојот на индустријата може да се обезбеди преку развојот на металопреработувачката дејност, машинската и автомобилската индустрија, каде може да се постигне повисок степен на финализација и додадена вредност, а значајно е и  користење на домашниот челик во градежната инфраструктура.

Поддржувајќи го излагањето на потпретседателот Јорданов, дел од дискутантите се заложија и за директни стимулации во делот на енергетиката преку укинување на акцизи на одделни енергенси (директорот на „Фени индустри“,  Кујунџиев), за потребата државата да донесе стратегија за индустриски развој (Н. Николов, заменик генерален директор на Рудникот „Бучим“) и др.
Во заклучните согледувања се вклучи и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој даде акцент на потребните мерки за надминување на посочените проблеми со цел зголемување на конкурентноста на овој значаен индустриски сектор. Студијата ќе биде предмет на расправа со претставници на другите преработувачки индустрии со цел заедничко дефинирање на натамошниот индустриски развој  како основа за вкупниот економски развој во државата.


Зорица Мешкова









© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права