09/12/2014 - 15:24
Концерт „Музика за глас, виолончело и пијано“
На концертот ќе бидат изведени дела од Ф. Шуберт, А. Превин (македонски премиери), Д. Темков и Л. Бернштајн

Во Музејот на град Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи концертот „Музика за глас, виолончело и пијано“, на кој ќе настапат уметниците Гонца Богоромова, сопран, Паскал Краповски, виолончело, и Милица Шкариќ на пијано.
На концертот ќе бидат изведени дела од Ф. Шуберт, А. Превин (македонски премиери), Д. Темков и Л. Бернштајн.
Концертот е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија како дел од циклусот концерти „Pro Musica“.
(Телеграф.мк)