Првиот Меѓународен Арт Фестивал „Дојрана“ се оддржува од 20-28 јуни во Дојран, на отворената сцена во хотел Романтик.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а учесниците ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини: класика, естрада, фолклор и кореографија.
Здружението на граѓани „Сцена прва“, со директорот Ласко Атанасов, уметничкиот директор д-р Невенка Трајкова и претседателот на организациониот одбор д-р Екатерина Михељкис стојат зад фестивалот и појаснуваат дека истиот е формиран со образовно-едукативна цел, како и со цел за развој на туризмот во Македонија.
На фестивалот се пријавени учесници од Русија околу 70, од Бугарија, Косово, Србија, а од Македонија се пријавени преку 150 учесници.
на
40680
луѓе им се допаѓа Вистина.мк
Придружи се и ти