Штип News petar

Објавено на 15 мај, 2014 | од Дијана Јованова

0

Трио Академико со концерт во Штип


Концертот ќе се одржи на 16.05.2014 ,19:30 часот во Домот на културата Ацо Шопов.

 ТРИО АКАДЕМИКО е редок камерен состав за флејта ,кларинет и пијано.На неговиот репертоар се наоѓаат ремек дела од различни стилски епохи од светската литература,од времето на класицизмот до современата музика.

Триото Академико го сочинуваат реномирани македонски уметници со бројни настапи во земјата и странство.

ЗЛАТКА МИТЕВА ,флејта  по завршувањето на Средното музичко училиште во Штип го продолжува своето студирање на Државната Музичка Академија во Софија каде што дипломира и магистрира во 2005 година како музичар изведувач.

Учествува на повеќе музички фестивали- Штипско културно лето,Интерфест Битола,Аполонија и Европскиот музички фестивал ,рецитал на “Мајските  денови”-Русе,”Бахови вечери”,Софија,Концертни турнеи во Италија ,Швајцарија.

Во моментот Митева е доцент по флејта на Факултетот за музичка уметност на УГД во Штип.

БРАНКО ПАВЛОВСКИ ,кларинет,дипломирал и магистрирал на УКИМ Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Проф. И.Кочаров.

Во моментот е доцент на Факултетот на Факултетот за музичка уметност на УГД во Штип.

Павловски бил лауреат на повеќе државни и меѓународни  натпревари по музика и има добиено повеќе награди и признанија.

Работел во Воениот Оркестар на АРМ ,а исто така соработувал со Македонската Филхармонија,Прага Моцарт Оркестарот ,Ансаблот за Современа музика на Националниот конзерваториум во Версај ,Батон Руж Симфонискиот  Оркестар ,Акадиана Симфонискиот Оркестар,Опера Луизиана.

НАТАША ТРБОЈЕВИЌ ,пијано средното музичко образование го завршува во класата по пијано на проф.Санда Бикова.

Дипломира на ФМУ при УКИМ во Скопје во класата на проф. Е.Елезовиќ.

Има посетувано семинари кај познати педагози по пијано(Д.Трбојевиќ,Т.Тимакин,Б.Романов,Ј.Михајловиќ)

Член е на комисијата по пијано на Државниот натпревар за млади музичари од 2005-2008.

Од 2008 работи како уметнички соработник по пијано на Фму на УГД Штип .

Прочитано: 120 phone porn пати


За авторот

Дијана Јованова



Back to Top ↑