Интерна скрипта по Математика во угостителството

Petrevska, Biljana (2012) Интерна скрипта по Математика во угостителството. . (Unpublished)

[thumbnail of Интерна скрипта по Математика во угостителството.pdf]
Preview
Text
Интерна скрипта по Математика во угостителството.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Ракописот претставува скрипта за интерна употреба која е наменета единствено за студентите кои го изучуваат предметот Математика во угостителството на Факултетот за туризам и бизнис логистика - Гевгелија при Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип. Основна цел е да им помогне во совладувањето на најважните теми од математиката со кои би се сретнале во секојдневото угостителско работење. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии. Притоа, преку многубројни практични примери се настојува да им се доближи на студентите дека математиката не треба да се изучува само поради збогатување на знаењето од математика, туку поради можноста истата да се користи при решавањето практични проблеми. Имајќи предвид дека ова е нерецензиран ракопис, не е исклучена можноста ракописот да има одредени недостатоци кои треба објективно да се согледаат и надминат. Оттука, секоја добронамерна сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Интерната скрипта се состои од седум глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Притоа, започнато е со најелементарните поими кои се обработени во првата глава, а се однесуваат на размери и пропорции. Втора глава ги појаснува математичките правила за составување и решавање делбена и верижна сметка. Најважните видови средни вредности и нивните карактеристики се презентирани во третата глава. Имајќи предвид дека сметката за смеси е често присутна во угостителското работење, правилата за нејзино составување се детално разработени во четвртата глава. Петтата глава зборува за поимот и основните видови процентна и промилна сметка, додека шестата глава дава практични примери за пресметување индексни броеви и каматна сметка. Последната, седма глава од практикумот е во целост посветена на калкулациите пришто во детали се разработени основните видови калкулации кои најчесто се применуваат во угостителството. По секоја глава, во форма на дванаесет вежби, следуваат задачи за вежбање.
Со цел на студентите да им се овозможи полесно совладување на материјата, разбирање на посложените поими и поврзување на теоретските и методолошките концепти со угостителската практика, интерната скрипта содржи неколку педагошки алатки:
o Секоја глава започнува со краток преглед на содржината која е разработена во таа глава и истовремено се поставени целите на учење коишто треба да ги постигнат студентите преку совладување на дадената материја;
o Низ целиот текст вклучени се многубројни решени примери коишто треба материјата да ја доближат до стварноста, сликовито да прикажат некои работи и да го направат практикумот поинтересен;
o На крајот од секоја глава поставени се повеќе задачи, прашања и проблеми, коишто им овозможуваат на студентите да проверат дали целосно ја разбрале прочитаната материја. Се разбира, при проверката на знаењето ќе им помогне понуденото решение на поставените задачи, кои пак, ќе им помогнат во подготовка на испитот по предметот Математика во угостителството.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 29 Nov 2013 13:58
Last Modified: 29 Nov 2013 13:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8208

Actions (login required)

View Item View Item