Институционална веб меморија

Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana and Denkova, Jadranka (2013) Институционална веб меморија. In: Прва годишна меѓународна конференција Културна меморија, 05-07 Sept 2013, Скопје.

[thumbnail of BOOK OF ABSTRACTS_WEB.pdf]
Preview
Text
BOOK OF ABSTRACTS_WEB.pdf

Download (893kB) | Preview

Abstract

Една од карактеристиките на државните институции е институционалната меморија која се базира врз складирање и чување на податоци, документи и информации кои се важни од гледна точка на континуитет на институцијата во нејзиното понатамошно работење. Како дел од колективната меморија (колективен збир на факти, податоци, искуства и знаења), институционализираното памeтење на организацијата е составен дел на секоја интраорганизациска комуникациска мрежа и се состои од водење различни евиденции за податоци и информации, кои треба да бидат целосни, сигурни и едноставни за употреба. Прашањето што се поставува и што е предмет на овој труд е институционалната веб меморија, односно колку актуелните веб страници на министерствата во Република Македонија, како медиум за трансмисија на знаења и искуства, ја одразуваат меморијата на институцијата. Поточно, дали и колку официјалните интернет сајтови на државните институции содржат податоци за минатото на институцијата – за активностите, постапките, документите кои биле донесени и важеле во одредено време, но истовремено ги поставиле и основите за сите идни промени, измени и активности. Дали веб страниците на министерствата содржат податоци со кои ја негуваат институционалната меморија и со тоа ја негуваат политиката на помнење или, пак, претставуваат одраз на актуелните настани и активности? Дали на веб страниците на државните институции може да го “прочитаме” минатото
на институцијата? Дали постои политика на транспарентност, одразена преку веб страниците, која овозможува граѓаните да имаат пристап до дигиталната презервација на факти, знаења, концепти и искуства од минатото или, пак, постои политика на заборавање, со игнорирање на сè што било претходно? Трудот има за цел да даде одговор на овие прашања преку истражување во кое се опфаќаат 15 министерства во Република Македонија. Основниот метод во истражувањето
е дескриптивна анализа на актуелните веб страниците на министерствата. Резултатите се во насока на давање придонес за зајакнување на дигиталната компонента на институционалната меморија, нејзина поголема транспарентност и достапност до граѓаните.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Uncontrolled Keywords: институционална меморија, веб меморија, политика на помнење
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Suzana Dzamtoska Zdravkovska
Date Deposited: 29 Oct 2013 10:03
Last Modified: 29 Oct 2013 10:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7776

Actions (login required)

View Item View Item