Даночните реформи во насока на унапредување на меѓународните текови на капиталот

Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2012) Даночните реформи во насока на унапредување на меѓународните текови на капиталот. Conference proceedings, First International Conference for Business, Economy and Finance- ICBEF 2012. ISSN 978-608-4504-88-7

[thumbnail of Даночните реформи во насока на унапредување на меѓународните текови на капиталот.pdf]
Preview
Text
Даночните реформи во насока на унапредување на меѓународните текови на капиталот.pdf

Download (483kB) | Preview

Abstract

Даноците претставуваат еден од главните лимитирачки фактори на слободното движење на капиталот во глобални рамки. Во таа смисла, особено се истакнува корпоративниот данок на доход или поточно данокот на добивка кој се пресметува на профитот на мултинационалните компании. Високите стапки на корпоративниот данок на доход можат сериозно да ја редуцираат меѓународната ефикасност на капиталот, преку создавање на т.н. даночни дисторзии или поточно даночни нарушувања. Како можни облици на даночна дисторзија се јавуваат преференциите кон одредени проекти или локации од страна на инвеститорите (со што директно се нарушува принципот на даночната неутралност), преференциите кон долгот или задржаната добивка како извори на капитал, понатаму ограничувањето на мобилноста на капиталот, тенденциите за трансфер на профитот, даночната евазија и слично. Во насока на елиминација на овие ограничувања, а со цел да се унапредат меѓународните текови на капиталот, водечките економии преземаа, но и во иднина ќе преземаат одредени реформи во системот на корпоративниот данок на доход. Како дел од мерките кои најчесто се имплементираат во ова област се: намалувањето на законските или статутарните стапки на данокот на добивка, редукцијата на просечните ефективни даночни стапки, интегрирањето на корпоративниот и персоналниот данок на доход, воведувањето на алтернативни даночни системи (како што се на пр. ”Сomprehensive business income tax – CBIT” и “Cash flow corporate tax system”), како и имплементацијата на правилата за тенка капитализација и трансферни цени.
Целта на трудот е да се презентираат современите правци на даночните реформи во светот од аспект на унапредувањето на меѓународните текови на капиталот, или поконкретно, да се опфатат најновите мерки во системот на корпоративниот данок на доход преку кои на ефективен начин се редуцираат потенцијалните можности за даночна дисторзија. Основни методи кои се користат во трудот се аналитичкиот, компаративниот и наративниот метод. Во насока на подобро објаснување и елаборација на одредени проблеми соодветно ќе биде употребен и методот на сценарио анализата. Притоа, со цел да се обезбеди подобра илустрација на фактите и заклучоците од анализата ќе се прибегне и кон користење на дијаграмскиот метод (или методот на претставување на сознанијата со помош на графикон).
Читателите на трудот имаат практична можност да се запознаат со општите правци на промените во даночната политика од областа на корпоративниот данок на доход, кои се преземаат во насока на унапредување на меѓународните текови на капиталот. Исто така, трудот може да послужи и како водич, односно појдовна платформа за подлабоки и посуптилни истражувања во полето на даночните реформи, како за универзитетскиот кадар, така и за креаторите на економската политика.
Клучни зборови: дисторзија, корпоративен данок на доход, трансферни цени, просечни ефективни стапки, тенка капитализација, интегрален корпоративен данок, систем на оданочување врз основа на парични текови и слично.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 29 Jan 2013 13:11
Last Modified: 03 Dec 2013 14:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5204

Actions (login required)

View Item View Item