Атенуација на сеизмичката енергија на територијата на Република Македонија“

Bogdanov, Jane (2012) Атенуација на сеизмичката енергија на територијата на Република Македонија“. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Jane_Bogdanov.pdf]
Preview
Text
Jane_Bogdanov.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Теоријата што се развивана до денес, реално, не е целосна, бидејќи
не го објаснува забележаниот факт според кој еластичната енергија секогаш
претрпува одредена неповратна конверзија кон други форми на енергија. Во
спротивно, Земјата сѐ уште би осцилирала од ефектот на случените
земјотреси. Процесот во кој еластичната енергија се губи е познат како
нееластична атенуација и нејзиното проучување е посебно важно поради
нејзиното влијание на амплитудите и формите на еластичните (сеизмичките)
бранови. Заради оваа причина е неопходно да се пресметаат нивните
промени кога се прават синтетички сеизмограми, заради споредување со
извршените мерења. Правилното пресметување во однос на амплитудната
редукција на бранот било посебно значајно во периодот на ладната војна,
бидејќи со примената на сеизмичките методи се оценувала јачината на
нуклеарните експлозии во прилог на меѓународните договори за нуклеарни
тестирања. Понатаму, бидејќи атенуацијата зависи, помеѓу сите други
останати фактори, и од температурата и присуството на флуиди, нејзиното
изучување обезбедува потенцијал за нови сознанија кои се однесуваат на
внатрешната градба на Земјата. Изучувањето на атенуацијата, исто така,
може да ни помогне во сфаќањата за Земјината реологија, иако врската
помеѓу нив не е јасно изразена.
Од феноменолошки аспект, ефектот на атенуацијата е претставен со
релативна загуба на високофреквентните компоненти во сеизмичкиот бран.
Поради ширењето на сеизмичкиот бран во одредена атенуирачка средина,
ќе преовладуваат пониските фреквенции, при што таквата промена на
доминатната фреквенција води кон промена на обликот на бранот
(намалувањето на доминантната фреквенција ке биде посебно изразена за
бранови рефлектирани од длабоки граници).
Меѓутоа, како што ќе биде разгледано во понатамошниот текст, ова не
е единствениот процес кој влијае на формите и амплитудите на сеизмичките
бранови. Механизмите кои де факто се одговорни за атенуацијата се
разновидни, но нивното поврзување со мерењата е многу тешка задача
(Karato и Spetzler, 1990).
2
Овој факт не би требало да нè изненадува ако се знае дека
одредувањето на атенуацијата се базира на мерењата на амплитудните
варијации, кои во многу зависат од геометриската дивергенција, ефектите на
хетерогеноста и присуството на пукнатини, флуиди и волатили.
Скетирањето, кое се должи на присуството на разноликости, предизвикува
прераспределба на сеизмичката енергија и може да даде ефекти слични на
атенуацијата. Така раздвојувањето на интринсичната од скетирачката
енергија е тешко, иако се предложени некои методи за нивно раздвојување.
Пример за скетирање ќе биде даден во поглавјето 11, каде што ќе биде
разгледан ефектот на фино услоена средина. Наспроти ова поглавје, во
продолжение ќе се задржиме на интринсичката атенуација.
За мерење на атенуацијата е воведен фактор на квалитет � (чијашто
инверзија е мерка за атенуација). Проучувањето на атенуацијата се
разгранува по должината на неколку насоки, имено опсервирачка (користејќи
сеизмички податоци), експериментална (користење на податоци добиени во
лабораторија) и теоретска насока. Втората се развила по должината на
неколку правци. Еден од нив се заснова на теоријата за вискоеластичност,
која се разликува од еластичноста по врската помеѓу напонот и
деформацијата која не го следи Хоковиот закон и која се однесува на
моменталниот одзив на еластичното тело врз кое е применет стресот. Во
спротивно, во вискоеластична материја деформацијата зависи од минатата,
т.е. претходната историја на стрес и конститутивниот закон вклучува
моментален еластичен одзив плус интеграл над минатите вредности на
напонот. Вискоеластичното однесување (во тврди и течни материи) често се
моделира со системи кои вклучуваат пружини и демпфери, конструирани на
начин да ги репродуцираат најосновните особини на едно анеластично тело.
Друг пристап кон анализа на атенуацијата е базиран на ограничувањата кои
се наметнати од каузалитетот кој произлегува со ширењето на бранот. Овој
пристап е независен од механизмите кои предизвикуваат атенуација и се
применува кај вискоеластичните тела. Заради оваа причина, второво е
разгледано во детали.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Sladzana Dimiskov
Date Deposited: 30 Nov 2012 18:14
Last Modified: 30 Nov 2012 18:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2696

Actions (login required)

View Item View Item