Застапеност на кариесот во релација со оралната хигиена

Kovacevska, Ivona and Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina (2019) Застапеност на кариесот во релација со оралната хигиена. International Journal Knowledge. ISSN 1857-923X (In Press)

[thumbnail of Separat od Budva 2019.pdf]
Preview
Text
Separat od Budva 2019.pdf

Download (675kB) | Preview

Abstract

Како најзастапено заболување во хуманата популација, кариесот врши деструкција и деминерализација на забните ткива. Етиологијата на ова заболување кое ги зафаќа тврдите забни ткива, независно на возраст, пол, витални или не витални заби, го карактеризира мултикаузална етиологија.
Микроорганизмите во денталниот плак кој се таложи на површината на забите, имаат централна улога во појавата на кариесот. Соодветната орална хигиена, придонесува за елиминација на плакот, и претставува еден од клучните превентивни механизми, во спречување на појавата на кариесот.
Целта на ова испитување ни беше да направиme процена на поврзаноста на кариесот со оралната хигиена, кај различни возрасни групи, во Гевгелија.
Во истражувањето беа вклучени 90 пациенти од обата пола, од четири ординации во Гевгелија. Во релација со нивната возраст испитаниците ги поделивме во три групи:
1. група од 30 испитаници на возраст од 20-30 години
2. група од 30 испитаници на возраст од 30-40 години
3. група од 30 испитаници на возраст над 40 години
На сите им беше даден анонимен анкетен прашалник, составен од два дела: првиот дел пациентите одговараа на прашања во врска со нивните навики за орална хигена, а вториот дел се состоеше од клинички (интраорален) преглед, каде со помош на инспекција и палпација детектиравме присуство на кариозни лезии, кои последователно беа соодветно санирани. Добиените вредности натаму беа статистички анализирани.
Резултатите од испитувањето покажаа дека во првата група 56 % од испитаниците ги четкаат забите два пати во денот, односно 20% дури и трипати на ден. што се однесува пак до втората група испитаници, најзастапено беше миењето на забите само еднаш во текот на денот, односно 56%. Во третата испитувана група, која ја сочинуваа испитаници на возраст над 40 години, 63 % од нив еднаш дневно ги мијат забите.
Во однос на техниките за четкање на забите кои ги практикуваат, 53% користат кружна метода во првата група, 50% хоризонтална метода во втората испитувана група, односно 60 % во третата група хоризонтално ги мијат забите. Што се однесува до клиничките испитувања, кариесот доминира во втората испитувана група каде се детерминирани 134 кариозни лезии, но и 167 реставрации, а најголем број ендодонтски третирани заби, 90, детерминиравме во третата група.
Кариесот како патолошко заболување кое ги зафаќа тврдите забни ткива различно е присутен во различните возрасни групи. Помладите пациенти, се повеќе едуцирани за вредноста на своето орално здравје, за естетски подобар изглед, односно за естетски поубава насмевка, така што имаат поредовна орална хигена, за разлика од пациентите од повозрасните групи. Пациентите од женскиот пол, имаат поредовна и подобра орална хигена, поголема посетеност на стоматолог и грижа за своето орално здравје за разлика од мажите. Редовната орална хигиена и навиките за неа, имаат влијание врз здравјето на забите, и го намалуваат присуството на кариес.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 20 Jun 2019 07:23
Last Modified: 20 Jun 2019 07:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22138

Actions (login required)

View Item View Item