Практикум по Малолетничко казнено право

Nanev, Lazar and Kosevaliska, Olga (2018) Практикум по Малолетничко казнено право. ISBN 978-608-244-530-4.

[thumbnail of Практикум по  Малолетничко казнено право.pdf]
Preview
Text
Практикум по Малолетничко казнено право.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Потребата за изработка на практикум посветен на процесните решенија со кои се изрекуваат санкциите кои што можат да се изречат спрема децата е повеќе од нужна. Истата особено се наметна со оглед на фактот што оваа материја од материјалното, процесното и пенетенцијарното казнено право се издвои во посебен закон. Новите приоди во постапувањето беа првично прифатени во Законот за малолетничката правда, којшто се применуваше од 2009 до 1 декември 2013 година за да биде во 2013 година заменет со Законот за правда на децата.
Со Законот за правда за децата системот на санкции кои што може да се изречат спрема деца стана доста комплексен па токму од овие причини истиот мора теоретски и практично да биде добро елабориран.
Подготвениот практикум содржи обрасци за процесните решенија со кои се изрекуваат воспитните мерки и тоа дисциплински мерки, мерките на засилен надзор, заводските мерки, понатаму алтернативните мерки, казните и мерките на безбедност. Овој практикум е наменет, пред сé, за студентите на студиите од прв циклус на правните науки, но може да помогне и во совладување на материјата посветена на децата во ризик и за студентите на втор циклус на правните науки.

Штип, 2018 година Од авторите,

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Kosevaliska
Date Deposited: 04 Feb 2019 09:04
Last Modified: 04 Feb 2019 09:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21323

Actions (login required)

View Item View Item