Практикум по меѓународно јавно право

Marolov, Dejan (2018) Практикум по меѓународно јавно право. ISBN 978-608-244-572-4.

Full text not available from this repository.

Abstract

Во првиот дел од овој Практикум сместен е текстот насловен како Mелоскиот дијалог. Станува збор за преземен текст и за прв пат преведен на македонски јазик. Преку анализа на овој текст студентите за време на вежбите ќе можат практично да се запознаат со меѓународниот систем и начинот на којшто истиот функционира. Преку поставената задача ќе можат да се извадат соодветни заклучоци и за улогата на силата во меѓународните односи наспроти моралот и правото. Во овој контекст студенти ќе имаат можност да ги анализираат и причините кои довеле до употреба на сила, како и за влијанието и можната улога на трета страна.
Во вториот дел од практикумот наведен е текстот насловен како Играње на играта признавање: надворешни актери и де факто држави. Преку анализа на овој текст а преку поставената задача ќе можат да се извадат соодветни заклучоци за начинот на признавање и непризнавање на нови држави особено во специфични случаи видено преку призмата на двете најпознати теории во меѓународното право, односно конститутивната и декларативната теорија за признавање на држави.
Третиот дел од овој практикум е насловен како Избрани текстови за признавање на влада и се состои од два избрани новинарски текста за два конкретни настани. Дополнително се приложени и официјалните ставови на конкретни држави по однос на наведените настани. Станува збор за текстот насловен како Арапската лига ја призна либиската Влада за национално единство (случај бр.1) и Воен удар: генералите на Египет го соборуваат Мoрси (случај бр.2). За време на вежбите студентите ќе имаат задача да ги анализираат двата текста наведени погоре од аспект на признавањето/непризнавањето на владите од страна на влади на други држави или пак меѓународни организации. Студентите ќе ги анализираат и секоја од позициите на наведените држави врз база на дадените информации и ќе треба да ги одбранат нивните ставови користејќи се со естрадoвата, тобаровата и/или стимсоновата доктрина.
Во четвртиот дел од овој практикум наведен е текстот со наслов Реформирање на ООН – ќе успее ли организацијата да ја сочува својата улога? Преку анализа на овој текст, студентите ќе треба да извлечат соодветни заклучоци на улогата на ОН во современиот меѓународен политички и правен систем, како и потребата од реформи на светската организација особено во советот за безбедност како клучен орган за одржување на мирот во светот.
Во петтиот, шестиот и седмиот дел овој практикум поместени се билатералните спогодби на Република Македонија со дел од своите соседи. Имено, станува збор за Заедничка декларација помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и Времената спогодба со Република Грција. Преку анализа на формата и видот на претходниве меѓународни спогодби ќе се овозможи практичен увид врз меѓународното договорно право, односно меѓународните договори како извор на меѓународното право склучени од субјекти на меѓународното право и соодветни органи надлежни за одржување на надворешните односи. Дополнително се дава увид и во надворешната политика на Република Македонија.
Во осмиот дел од овој практикум во целост е наведена Пресудата од 05.12.2011 год. на Меѓународниот Суд на Правдата во случајот на Република Македонија против Грција а во врска со Времената спогодба од 1995 год. Преку анализа на оваа пресуда студените ќе добијат претстава како конкретно изгледа една пресуда од меѓународниот суд како еден од начините за мирно и правно решавање на споровите но и ќе се отвори и можност за дискусија за лимитот на функционирањето и ефектуирањето на меѓународната правда.
Во деветиот и последен дел од овој практикум, сместен е приказ на кој јасно се прикажани морските појаси и до каде се протегаат а соодветно на нив и до каде е суверенитетот на крајбрежната држава што пак ќе им послужи на студентите за подобро разбирање и визуелизирање на материјалот предвиден во делот на наставната материја за меѓународно право на морето.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dejan Marolov
Date Deposited: 15 Jan 2019 15:35
Last Modified: 15 Jan 2019 15:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21134

Actions (login required)

View Item View Item