Биткоин, систем на математички алгоритми, а предизвик пред финансискиот систем

Nakova, Ivana (2018) Биткоин, систем на математички алгоритми, а предизвик пред финансискиот систем. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерска Лекторирана конецна 2.pdf]
Preview
Text
Магистерска Лекторирана конецна 2.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Парите се еден од првите општествени феномени кои ја следат човековата еволуција. Со развојот на општеството и напредокот на технологијата, парите го менувале својот облик, материјал, начин на употреба, сѐ со цел прилагодување кон настанатите промени. Со појавата на централните банки, менаџирањето на парите во една економија било преземено од овие институции. Ова правило важи и денес, односно централните банки го имаат дискреционото право да одлучуваат за количината на парите во економијата и на тој начин да ја менаџираат и пренесуваат монетарната политика во една економија. Поради ова се смета дека централните банки имаат една од носечките улоги во светот на финансиите. За последните неколку децении е карактеристичен брзиот технолошки развој, процес кој се означува како дигитализација. Дигитализацијата влијаеше како катализатор на еден друг процес, познат како глобализација или бришење на границите. Сите светски индустрии беа под силно влијание на овие два процеса, односно истите се имплементираа во нивната работа. Како последна етапа, која остана недовршена, е прилагодувањето на парите кон овие процеси, односно формирање на дигитална валута која ќе се применува глобално. Предизвикот наречен дигитална валута доби одговор со претставување на „биткоинот“. Станува збор за дигитална валута, технологија и мрежа од компјутери која се базира на blockchain - технологија и криптографија. На тој начин ја имаме првата децентрализирана валута, која не е контролирана од ниту една централна банка, или пак, национална влада. Предностите кои ги носи оваа технологија се огромни. Истата е менаџирана од мрежа на суперкомпјутери, што значи поголема прецизност и безбедност. Дополнително, системот е отворен кон секој заинтересиран кој сака да даде свој придонес, што ја отвара вратата кон сите заинтересирани да работат на иднината на дигиталната валута. Освен предности, оваа валута има и одредени недостатоци, а меѓу најважните е можноста од злоупотреба на истата, опасноста од појава на „меур“, високата флуктуација на вредноста итн. Појавата на дигиталната валута биткоин влијае на работата на останатите финансиски институции поради тоа што ги менува во основа начелата на нивната работа. Креаторите на монетарната политика, исто така, се исправени пред предизвикот дали да ја прифатат оваа технологија или да се одлучат за изолација. Дигиталната валута се смета за вистински предизвик пред финансискиот систем каков што денес го познаваме. Предностите кои ги носи биткоинот се преголеми за да бидат негирани. Фактот што истиот се базира на строго дефинирани алгоритми и криптографија, односно во својата основа ја има математичката егзактност, ја зголемува неговата популарност, која од ден на ден сѐ повеќе расте. Појавата на новата дигитална валута, како и предностите кои ни ги носи дигиталната економија, создадена благодарение на информатичкиот напредок и интернет, отвараат широки можности за земјите во развој, како што е Република Македонија. Една од најголемите предности е можноста да се учествува на еден глобален пазар и да се искористат подеднакво сите технолошки предности. Со други зборови, Република Македонија користејќи ги бенифитете на овој систем, може значително да влијае на своите економски перформанси и со тоа да ја подобри

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 29 Nov 2018 14:04
Last Modified: 29 Nov 2018 14:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20889

Actions (login required)

View Item View Item