Кредитната активност и современите трендови во банкарското работење во РМ

Boeva, Aneta (2018) Кредитната активност и современите трендови во банкарското работење во РМ. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of АнетаБоева-магистерски труд.pdf]
Preview
Text
АнетаБоева-магистерски труд.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Главната причина поради којашто банките добиваат дозвола за работа од државните органи е да им одобруваат кредити на своите комитенти.Од банките се очекува да им дадат подршка на приватните и правни лица со соодветни кредити,како и да ги задоволат финансиските потреби на потрошувачите и да одредат разумна цена за кредитите во согласност со конкурентните каматни стапки.Одобрувањето кредити е основна економска функција на банката-да ги финансира потрошувачката и инвестициите на компаниите ,поединците и на владините агенции.Колку успешно банката ќе ја извршува својата функција на одобрување кредити,во голема мера зависи од еконосмакта состојба во регионот,бидејќи банкарските кредити го подржуваат растежот на нови бизниси и работни места на територијата каде што дејствува банката и ја унапредуваат економската виталност.Уште повеќе,банките, често, нудат позитивни информации на пазарот во врска со кредитниот квалитет на зајмувачот ,овозможувајќи му да добие повеќе и поевтини средства од други извори. За повеќето банки кредитите изнесуваат половина или повеќе од вкупната актива и до две третини од вкупните приходи.Уште повеќе ,ризикот во банкарството се концентрира во кредитното портфолио.Кога банката се соочува со сериозни финансиски проблеми,обично тие потекнуваат од кредитит што не можат да се наплатат поради лошото раководење ,незаконското манипулирање со кредити,лошите политики за одобрување кредити или поради неочекуван пад на економијата.Затоа не е ни чудно што,кога ревизорите ќе дојдат во банката,вршат темелна ревизија на банкарското портфолио.Тоа,обично,се состои од детална анализа на документацијата и на колатералот на поголемите кредити,ревизија на малите кредити и евалуација на политиката за одобрување кредити на банката за да се види колку е таа исправна и дали може да ги заштити средствата на јавноста. Токму поради овие причини, кредитирањето, видовите кредити одобрени на компаниите и приватните лица, како и анализата на целокупниот банкарски систем е неисцрпна и секогаш актуелна тема, како во другите земји, така и во Република Банкарските институции претставуваат најважни финансиски посредници меѓу дефицитарните и суфицитарните субјекти и играат значајна улога во целокупната економија на секоја земја.Но, особено се значајни последиците од нивната недоволна регулација и прелевање на ризиците од еден во друг институционален сегмент, главно, од нивното можно неразумно однесување. Стабилноста и успешноста на банките е значаен фактор и има силно влијание врз финансискиот систем во целина, не заборавајќи го фактот дека тие претставуваат најзначајна алка во финансиската мрежа. Според Рибзински, финансиските системи се развиваат низ времето во три фази. Првата фаза е кога банките се најважни финансиски институции во финансискиот систем и приходот е ограничен на провизиите, при што сите екстерни финансии се зголемуваат преку банкарските заеми, финансирани од штедните влогови. Втората фаза е пазарно ориентирана, кога домаќинствата и институционалните инвеститори поседуваат повеќе хартии од вредност, а небанкарските финансиски институции можат да понудат производи слични на банкарските, што значи финансиските пазари се изворот на екстерни финансии за двата сектора: финансискиот и нефинансискиот сектор. Оттаму, банките ја намалуваат нивната традиционална посредничка функција преку зголемување на вонбилансните активности. Корпорациските банкарски заеми се заменети со корпорациски обврзници и хартии од вредност, додека хипотеките и потрошувачките кредити се секјуритизирани. Третата фаза е пренасочување на нивните услуги од банкарски кон советодавни, т.е. тргување на брзите и ОТС пазарите, гаранции и останати активности поврзани со управувањето со средствата. Комплетните банкарски услуги треба да генерираат задоволни клиенти и токму затоа секоја банка се стреми да понуди поширок спектар производи и услуги, како и полесна достапност до нив, задржувајќи ги постојните комитенти, но и да се стекне со нови, обезбедувајќи силна репутација и углед за нејзината успешност и стабилност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:08
Last Modified: 13 Jul 2018 11:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20229

Actions (login required)

View Item View Item