Економски алтернативи за земјоделците во Преспа

Mihajlov, Ljupco and Dimovska, Violeta and Ilieva, Fidanka and Zlatkovski, Vasko (2017) Економски алтернативи за земјоделците во Преспа. Other. Federacija na farmeri na R.M..

[thumbnail of Vodic.pdf]
Preview
Text
Vodic.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

ка во Република Македонија и претставува основен извор на приходи за население-
то од овој регион.
Сепак, зависноста од временските услови во голема мера придонесува земјоделски-
те семејства, од време на време да трпат огромни штети. Така, во 2014 година, градот
направи големи штети на околу 3.000 ha, оставајќи голем број семејства во големи
финансиски проблеми.
Големи штети предизвикаа и касните пролетни мразеви во 2016 и 2017 година, кои
исто така направија пустош низ преспанските овоштарници.
Во редовно родна година, се добиваат околу 100.000 тони јаболко, од кои околу 20%
отпаѓа на т.н. индустриско јаболко. Од овие количества, најголемиот дел завршуваат
на пазарот надвор од Република Македонија, а дел се продава на локалните пазари
ширум државата.
Треба да се напомене дека само 1/3 од родот спаѓа во т.н. I класа и добива соодветна
цена, додека останатите количества се предмет на договор со откупувачите, во кои
земјоделците редовно остануваат изманипулирани, односно им се откупени јаболка-
та по ниски цени.
Имајќи го во предвид сето ова, не е тешко да се заклучи оти финансиската состојба
на земјоделците кои се занимаваат со производство на јаболко во Преспа не е задо-
волителна. Истовремено, поради недостаток од организирано делување и распола-
гање со сместувачки капацитети во контролирани услови на средината, дел од коли-
чеството пропаѓа и се фрла, што уште повеќе ја влошува финансиската состојба на
земјоделските семејства.
Излез од ваквите состојби треба да се бара во истражување на можности за оства-
рување на дополнителни приходи, пред сѐ во одгледување или собирање самоникна-
ти лековити и зачински растенија, како и преработка на пониските класи јаболко во
производ со додадена вредност, а е баран на пазарите, како што е јаболковиот оцет.
Овој прирачник се занимава токму со тоа. Поделен во три независни, а сепак поврза-
ни поглавја, дава преглед на сортите јаболко кои се најповолни за одгледување како
суровина за производство на сушено јаболко и јаболков оцет. Потоа, дава сознанија
за начините на одгледување и правилно собирање на лековитите и зачинските рас-
тенија кои може да се најдат во Преспа, а третиот дел дава сознанија за начините на
подготовка на влезните суровини за сушење и добивање комплетен производ со ви-
сока додадена вредност.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Dimovska
Date Deposited: 29 Jan 2018 09:27
Last Modified: 29 Jan 2018 09:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19172

Actions (login required)

View Item View Item