Практикум за вежби по Римско право

Ampovska, Marija (2011) Практикум за вежби по Римско право. . (Unpublished)

[thumbnail of практикум за вежби римско право.pdf] Text
практикум за вежби римско право.pdf

Download (851kB)

Abstract

Практикумот е учебничко помагало кое студентите го користат на вежби. Имено, вежбите се замислени како утврдување на знаењата кои студентите ќе ги стекнат на предавањата. За таа цел тие ќе се изведуваат како практичен дел од наставата. Целта на вежбите е да го поттикне размислувањето на студентите за одредени прашања и да развие дискусија меѓу нив. Овој практикум треба да им послужи за да го проверат своето знаење стекнато преку читање на учебникот по Римско право, но воедно и да дојдат во допир со изворните текстови од римското право,, правничкиот јазик на римјаните, начинот на кои тие ги регулирале општествените односи и техниките што ги користеле при тоа. Овој практикум се однесува на материјалното римско право и во кратки црти ги обработува основните правила на личното, имотното, облигационото и наследното римско право. Практикумот се труди да ги опфати основните правни институти на римското право кои студентите ќе можат да ги препознаат и во денешните правни системи, во иста или во видоизменета форма и пред сè ќе можат да ги поврзат со нашето позитивно право. На тој начин, овој практикум треба да послужи од една страна за поуспешно совладување на материјата римско право и во исто време развивање на правниот начин на размислување кај студентите, а од друга страна треба да послужи за воочување на значењето и придонесот на римското право за денешниот изглед на правните системи, посебно на нашето позитивно право.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 26 Nov 2012 07:08
Last Modified: 28 Jan 2015 12:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1888

Actions (login required)

View Item View Item