Пpoeктот „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ и негово претставување

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija and Daskalovska, Nina and Mitkovska, Liljana and Ulanska, Tatjana and Cenova, Monika and Krstevska, Viktorija (2015) Пpoeктот „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ и негово претставување. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип. ISSN 1857-7059

[thumbnail of Proekt (1) trud.pdf]
Preview
Text
Proekt (1) trud.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Апстракт: Приложениов труд има за цел да го претстави проектот под наслов „Улогата на експлецитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“, кој беше пријавен на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, преку Фондот за научно-истражувачка работа на именуваниот Универзитет. Во наставата по странски јазици одамна како главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно да комуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниот метод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичките структури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да прават правилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односот што го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странски јазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа и понатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебниците е застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите дека не го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат за традиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на прво место, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области, вклучувајќи ја и прагматиката.
Клучни зборови: прагматика, комуникација, странски јазик, дискурс, индиректно изразување, говорни чинови, учтивост

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 26 Jan 2016 12:27
Last Modified: 26 Jan 2016 12:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14859

Actions (login required)

View Item View Item