Испитување на терапевтски радиофармацевтици базирани на моноклонални антитела и пептиди

Gjorgieva Ackova, Darinka (2015) Испитување на терапевтски радиофармацевтици базирани на моноклонални антитела и пептиди. PhD thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

[thumbnail of Докторска дисертација-апстракт-к.pdf]
Preview
Text
Докторска дисертација-апстракт-к.pdf

Download (234kB) | Preview

Abstract

Рекомбинантните моноклонални антитела и пептиди во моментов се оценети како значајна и растечка класа на лекови со биолошко потекло. Имајќи ја предвид употребата на радиоимуноконјугати за терапија на не-Хочкинов лимфом (NHL), во рамките на овој труд направено е испитување на ново подготвена лиофилизирана формулација, обележана со нерадиоактивни (Lu и Y) или радиоактивни изотопи (177Lu), на три различни конјугати на ритуксимаб со бифункционален хелатирачки агенс (BFCA), за проценка и потврдување на структурата. Беа користени три типа BFCA, p-Bn-SCN-DOTA, p-Bn-SCN-DTPA и 1B4M-DTPA. Од резултатите добиени со SDS-PAGE потврдено е дека чекорите на конјугација и процесот на лиофилизација, како и обележувањето на имуноконјугатите со Lu и Y е успешно, без да предизвика значајни промени во молекулите на имуноконјугатите и без формирање на споредни производи (фрагментирање на антителото и/или присуство на агрегати). Карактеризацијата на конјугатите и утврдувањето на просечниот број на молекули на BFCA прикачени на секоја молекула од антителото беше направена со MALDI-TOF MS при што беше утврдено просечно врзување на 6,1 (DOTA), 8,8 (DTPA) и 8,3 (1B4M-DTPA) молекули за антителото. За потврда на задржување на секундарната структура на антителото и можните модификации после обележување, беше извршено испитување со вибрациона спектроскопија на конјугатите обележани со нерадиоактивните изотопи. Врз основа на добиените фреквенции за амидните ленти I, II и III, беше утврдено дека компонентите од интерес во ова испитување содржат највисок процент β-конформација (антипаралелна и паралелна) во структурата, проследено со α-хеликс. Утврдени се одредени поместувања во снимените спектри на неколку од карактеристичните ленти на ритуксимаб, во зависност од присуството на хелатор и метал за врзување, што се во врска со формираните комплекси. Добиените радиоимуноконјугати (обележани со 555 GBq/mg 177Lu) беа дополнително карактеризирани со ITLC и SE-HPLC, при што покажаа висок степен на радиохемиска чистота со површина под пикот на имуноконјугатот повеќе од 95% од вкупната површина. Хемиското и биолошкото карактеризирање на новодобиените имуноконјугати во in vitro и in vivo услови за определување на параметрите важни за последователно радиообележување, поставија основа за понатамошно квалификување на препаратот за предклинички и клинички студии за дијагностика/терапија на лимфоми.

Клучни зборови: ритуксимаб, p-Bn-SCN-DOTA, p-Bn-SCN-DTPA, 1B4M-DTPA, лутециум, итриум

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Darinka Gorgieva Ackova
Date Deposited: 12 Mar 2015 15:01
Last Modified: 12 Mar 2015 15:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12910

Actions (login required)

View Item View Item