Мода и брендирање на текстилните производи

Zhezhova, Silvana and Janevski, Aco and Mojsov, Kiro and Andronikov, Darko (2014) Мода и брендирање на текстилните производи. In: Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 октомври 2014, Скопје, Р. Македонија.

[thumbnail of Zbornik 2014 - Silvana Zezova.pdf]
Preview
Text
Zbornik 2014 - Silvana Zezova.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Статистичките податоци укажуваат на позитивен раст на текстилната индустрија за 2013 година, која во вкупниот извоз учествуваше со 25,6 %. Бројот на вработените е 42.000, а финансиските ефекти се мали, бидејќи 92-95 % од производството е лон, кое е ниско профитабилно. Иднината за опстанок во современите услови на стопанисување е свртување кон производството на сопствени брендови и можност за самостојно учество на светските пазари.
Кон тоа се стремат и другите индустрии, но за текстилната тоа би требало да е една од клучните насоки за развој, бидејќи модерното општество создаде брендирана мода, голем број стилови што го дефинираат идентитетот и афинитетот на одредена популација кон одредена модна тенденција. Она што се нуди на пазарот треба да ги задоволува потребите и желбите на купувачот и треба да е нешто повеќе од физички објект, односно станува збор за целосен „пакет“ на бенефиции или задоволства за кои купувачот верува дека ги добива доколку го купи производот. При процесот на брендирање врвното место би требало да го зазема дизајн пристапот, но не само како креација без техничко-технолошка подлога и економска логика, туку како однапред осмислена и програмирана пазарна воопшто, а посебно извозна стратегија за развој со долгорочни осмислени цели.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Silvana Zezova
Date Deposited: 10 Dec 2014 09:46
Last Modified: 05 Feb 2018 10:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11668

Actions (login required)

View Item View Item