Цитат, парафраза и плагијат (книжевно пиратство)

Mladenoski, Ranko (2005) Цитат, парафраза и плагијат (книжевно пиратство). Современост, 53 (1). pp. 79-84. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski Citat parafraza plagijat.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski Citat parafraza plagijat.pdf

Download (14MB) | Preview

Abstract

Во овој труд се елаборираат прашањата за цитатноста, парафразирањето и плагијаторството и тоа од еден конкретен книжевно-теориски аспект, но и од аспект на книжевната практика. На почетокот од трудот се врши прецизно детерминирање на трите термини (цитат, парафраза и плагијат), па се потенцира дека цитатот е навод, место буквално наведено од некоја книга или од некој текст со наводници и со точно назначување на изворот, а парафразата е прераскажување, описно искажување на нешто со цел тоа нешто подобро да се разбере, односно прераскажување на туѓи текстови, мисли и изрази со свој исказ, додека плагијатот (пиратството во книжевноста) е разбојништво, грабеж, книжевна кражба. За да нема никакви забуни, во трудот се појаснуваат и појавите на аналогни мотиви, слики и поенти во литературата што, секако, не може да се подведе под термините плагијаторство или пиратство во книжевноста. Во продолжение се даваат и два веќе публикувани трудови во кои станува збор за плагијаторство во нашата (македонската) литературна и книжевно-историска средина и кои се познати во книжевните, но и во пошироките кругови. На пример, познати се темелните и аргументираните трудови на универзитетскиот професор Атанас Вангелов за преписите и плагијаторството на Божин Павловски, а токму за тоа се зборува и во овој труд. На крајот од трудот се нагласува дека практикуваното плагијаторство во македонската книжевна средина имплицира неинвентивност, некреативност во рамките на литературното творештво, како и тоа дека плагијаторството подразбира свесно креирање на квазилитература, квазикритика и квази книжевна историја.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 05 Nov 2014 08:56
Last Modified: 05 Nov 2014 08:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11244

Actions (login required)

View Item View Item