Ревизија на сметководствени информациски системи - скрипта

Koleva, Blagica (2014) Ревизија на сметководствени информациски системи - скрипта. ISBN 978-608-244-095-8.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата „Ревизија на сметководствените информациски системи“ е наменета, пред сè, за студентите на додипломските студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги изучуваат предметите Ревизија, Сметководствени информациски системи и Сметководствени контролни системи, но можат да ја користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е презентација на една целосна анализа, која опфаќа повеќе елементи: раководење и планирање со ревизијата, ревизија заснована врз сметковoдствени информациски системи, потребата од контрола, како и ревизија на компјутеризираниот сметководствен информациски систем.
Во тој контекст, материјалот опфатен во оваа скрипта е поделен на неколку делови:

Глава I – Раководење и планирање со ревизијата;
Глава II – Ревизија заснована врз сметководствените информациски системи;
Глава III – Потреба од контрола и ревизија на сметководствениот информациски систем;
Глава IV – Управување со функциите на информациските ревизиски системи;
Глава V – Ревизија на компјутеризираниот сметководствен информациски систем.
Во првата глава е елаборирана работната одговорност на раководството на ревизијата, активностите на раководството, внатрешната ревизија со своите функционални организации кои ја прикажуваат улогата и одговорноста на менаџерот на ревизијата и улогата на менаџерот во спроведување на ревизијата, како и раководењето со ревизорските ресурси и индикатори за перформансите. Обработени се планирањето на ревизијата со нејзините цели, обем на работа и стратешко и оперативно планирање. Даден е акцент и на контролата, мониторингот и координацијата на ревизијата преку мониторингот и напредокот, контрола на квалитетот, проверка и надзор.
Втората глава е посветена на компонентите на сметководствените информациски системи, животниот циклус, оцената и квалитетот на информацискиот систем. Дефинирање и фази на системски заснованата ревизија, сметководствените претпоставки поврзани со финансиските извештаи. Презентирана е одговорноста на менаџерите за контрола, со тоа што се земени предвид три аспекти на контролите: воспоставување, извршување и супервизија.
Во третата глава од материјалот се обработени исходи од потребата на контрола и ревизија на информациските системи, трошоци за губење на податоци, влијание на квалитетот и правилата за донесени одлуки како и контролираното унапредување на употребата на информациската опрема.
Во четвртата глава детално е разработенo планирањето на ревизијата на информациските системи, организирањето на функциите за резивија на информацискиот систем, водење и контрола на работите за ревизија на информациските системи како и оцена на квалитетот на ревизиските заклучоци и ивештаи.
Во петтата глава се обработени ревизорските техники со помош на компјутер (СААТ), нивен опис, достапност, примена и контрола. Прикажени се задачите кои ревизорот може да ги изврши со употреба на генерализираните ревизиски софтверски алатки, како и начела за равој и импелентација на специјализиран ревизиски софтвер за сопствена употреба.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 20 Oct 2014 09:49
Last Modified: 07 Apr 2015 13:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11166

Actions (login required)

View Item View Item