Предизвиците на новата кривична постапка против деца

Kosevaliska, Olga and Buzarovska - Lazetik, Gordana and Nanev, Lazar (2014) Предизвиците на новата кривична постапка против деца. In: Општествените промени во глобалниот свет, 11-13 Sept 2014, Правен Факултет УГД Штип.

[thumbnail of Postapka protiv deca 2014.pdf]
Preview
Text
Postapka protiv deca 2014.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Успехот во борбата против детското престапништво во голема мера зависи од адекватниот пристап на надлежните институции во постапката против деца. Правилниот модел на борба против овој глобален проблем овозможува не само соодветна реакција на надлежните органи туку и превенирање на кривични дела каде како сторители се јавуваат децата. Новите приоди во постапувањето подразбираат канализирање на реакцијата на надлежните органи кон причините што довеле до стореното. Оттука, самата цел на кривичната постапка против децата е нивно превоспитување и елиминирање на причините кои го навеле детето во престапништво а не само едноставно казнување за стореното зло. Ваквиот современ приод е врамен во одредбите на Законот за правда за децата кои ја содржат општествената реакција во случаите кога дете ќе стори дејствие кое што со закон е предвидено како кривично дело. Доминантно место на воспитните мерки и интервенциите наместо казнувањето и лишувањето од слобода со сместување во установи се една од основните цели на Законот за правда за децата, кој што на извесен начин го осовремени и замени претходното релевантно законодавство. Основа цел на ваквиот приод е да се одбегне загрозувањето на правилниот раст и развиток на младите лица во транзитниот период од малолетни во полнолетни личности. Токму ова комплетно ревидирање на кривичното законодавство и новата положба на детето во казнено правниот систем е главниот предмет на истражување на овој труд. Оттука, овој труд има за цел да ја анализира самата постапка против дете кое сторило дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело, компаративно да ја споредиме со претходните одредби од Законот за малолетничка правда за да конечно укажеме на предностите кои што ги дава новата легислатива, за да конечно укажеме и на идните предизвици кои ги носат новите одредби за надлежните органи кои треба да постапуваат по нив.
Клучни зборови: дете, кривична постапка, детско престапништво, закон.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Kosevaliska
Date Deposited: 22 Jan 2015 15:04
Last Modified: 07 Aug 2015 09:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11052

Actions (login required)

View Item View Item