Супрапротезитање со визил протези ретенирани на дентални импланти– приказ на случај

Papakoca, Kiro and Kaladziska, Dragana and Ilievska, Gabriela (2014) Супрапротезитање со визил протези ретенирани на дентални импланти– приказ на случај. In: 21 - ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 Мај 2014, Охрид, Р.Македонија.

[img]
Preview
Text
1 Супрапротезирање со Визил пр на Импланти 111.pdf

Download (587Kb) | Preview
Official URL: http://issuu.com/stomfakskopje/docs/kniga_abs_stud...

Abstract

Вовед и цел: Супрапротезирањето со помош на импланти претставува едноставна и ефективна можност за решавање на тоталната или парцијалната беззабност, за разлика од други методи за дентално – протетска реставрација. Целта на оваа студија е да се презентира перспективата за примената на импланти како елементи за стабилизација и ретенција на денталните визил протези. Клинички случај: Пациенткa на возраст од 59 години со парцијална беззабност на горна и тотална беззабност на долна вилица беше третирана во две фази. Во втората фаза беа инсерирани дентални имплантни соодветно и прилагодено според условите, ситуацијата воедно со аугментација на алвеоларниот гребен. После инсерцијата на денталните импланти, направено е привремено протезирање, а по четири месеци имплантатите се откриени, беше земен отпечаток со помош на трансфери и се поставени атачмени над нив во форма на топчиња. Изработени се визил протези кои одлично лежат на алвеоларните гребени, а со помош на атачмените беше обезбедена ретенција и стабилизација. Заклучок: Можноста од поставување на дентални импланти во алвеоларниот гребен како основни елементи за стабилизација и ретенција на визил протези е огромна предност. Со тоа се постигнува многу цврста основа на протезите, а и на комплетното забало со што се овозможува нормална функција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Kiro Papakoca
Date Deposited: 12 May 2014 10:14
Last Modified: 12 May 2014 10:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9926

Actions (login required)

View Item View Item