Експресивноста и импресивноста на турцизмите во поезијата на Блаже Конески

Leontik, Marija (2012) Експресивноста и импресивноста на турцизмите во поезијата на Блаже Конески. Зборник на трудови од меѓународниот научен симпозиум-Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура, Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје, 2012. pp. 209-221. ISSN ISBN 978-608-234-016-6

[img]
Preview
Text
Blaze-Koneski.pdf

Download (1500Kb) | Preview

Abstract

Блаже Конески во многу свои лингвистички трудови го има изнесено својот став во однос на турцизмите во македонскиот јазик. Во овие трудови континуирано укажуваше на тоа дека турцизмите кои имаат неутрално обележје и понатаму ќе се применуваат и ќе опстанат, а дека другите ќе добиваат сè поголема стилска маркираност. Оваа тенденција e присутна и во неговите литературни дела. Значајна е неговата поезија во која на мајсторски начин ги употребувал турцизмите. Овие турцизми се неутрално или стилски маркирани. Но исто така овие турцизми имаат експресивни и импресивни карактеристики. Турцизмите со своите експресивни и импресивни вредности ја збогатија поезијата на Конески. Затоа можеме да заклучиме дека Блаже Конески со својата поезија директно и индиректно влијаел и на опстанокот на турцизмите во македонскиот јазик. Овој заклучок ќе го поткрепиме со илустративни материјали од целокупната поезија на Блаже Конески. Клучни зборови: турцизми во поезијата на Блаже Конески, неутрални турцизми, стилски маркирани турцизми, експресивност на турцизмите, импресивност на турцизмите

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 28 Apr 2014 09:14
Last Modified: 28 Apr 2014 09:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9819

Actions (login required)

View Item View Item