Тргување со хартии од вредност (со посебен осврт на обврзниците)

Pasovska, Silvana and Miceski, Trajko (2013) Тргување со хартии од вредност (со посебен осврт на обврзниците). CIP 336.763336:763.3(497.7) . Печатница: Ацетони, Прилеп. ISBN 978-608-4746-01-0

[img]
Preview
Text
Тргување со хартии од вредност(со посебен осврт на обврзници).pdf

Download (1074Kb) | Preview

Abstract

На финансискиот пазар постои шаренило од облиците, карактеристиките и структурираноста на хартиите од вредност, но најважни се оние кои можат да се најдат во портфолиото на инвеститорите, без оглед на тоа дали се работи за портфолио менаџери или за поединечни инвеститори – физички лица. Всушност, портфолиото се структурира преку избор на хартии од вредност според рочноста, приносот, ликвидноста и инвестиционите преференции или познавања на секторот на интересот. Цените на овие хартии од вредност варираат под влијание на промените на преовладувачките каматни стапки и нивните специфични ризични фактори. Затоа, тие треба добро да се познаваат , за да може и портфолиото да се менува согласно со промените во економско – политичкото опкружување. Берзите денеска се основните регулатори на пазарното стопанство, кои на организиран начин тргуваат со хартии од вредност, разни материјални добра и девизи: Како неразделен дел од пазарот и пазарното стопанство воопшто , берзата е важен сегмент од чие функционирање и успешност зависи ефикасноста на пазарното стопанство. Инвестирањето во хартии од вредност , како и секое друго инвестирање, носи ризик. Но, инвестирањето во обврзници е помалку ризична форма на инвестирање од инвестирањето во акции, особено ако се купуваат обврзници на државата и општините и обврзници на профитабилни компании со висок кредитен рејтинг. Клучни зборови : финансиски пазар, долгорочни должнички инструменти , берза, акции, обврзници, берзански индекси , курсен ризик, пазар на пари.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 28 Apr 2014 09:29
Last Modified: 28 Apr 2014 09:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9813

Actions (login required)

View Item View Item