Развивање на семеен бизнис (со осврт на тутунопроизводството)

Miceski, Trajko and Pasovska, Silvana (2014) Развивање на семеен бизнис (со осврт на тутунопроизводството). CIP 334.772.24:[658.522:633.71(497.7) . Печатница: Ацетони, Прилеп. ISBN 978-608-4746-00-3

[img]
Preview
Text
Развивање на семеен бизнис.pdf

Download (1651Kb) | Preview

Abstract

Современиот начин на стопанисување во тутунопроизводството, особено преку развивање на современ фамилијарен бизнис, со основна дејност на производство на тутун, посакува развиен менаџмент со целокупните активности и соодветна мотивација на ангажираните членови. На таков начин се постигнува поголема ефикасност во работењето, намалување на трошоците на производството, зголемување на продуктивноста и подобра можност за обезбедување со потребните ресурси. Тутунот има посебно место како во земјоделската дејност. Како земјоделска култура тутунот активира околу 10 % од нашето население, односно над 200.000 луѓе. Како производствена индустриска гранка опфаќа околу 4.500 редовно вработени. Ретроспективно производството на тутун, во светот и во Македонија, со извесни осцилации, расти. Во тој раст се забележува дека растот на производството на тутун во Република Македонија, во однос на светското ниво заостанува. Заостанувањето се забележува особено во приносот по единица површина. Ова пред се, се должи на несоодветниот организационен пристап кон производството на тутун и слабиот менаџмент со операциите. Истражувањата покажаа дека во индивидуалното производство на тутун, особени при организирано производство, во вид на мини фарми или друг облик на организираност, е потребен развиен менаџмент, со посебен акцент на мотивираноста на ангажираните членови во производството, се со цел подигнување и унапредување на квалитетот на целокупниот производствен процес. Исто така, во тој поглед, заради сигурноста во фамилијарниот бизнис, е потребно и пројавување на претприемачки активности од страна на сопственикот-фармерот.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: менаџмент, претприемништво, ефект, профит, тутунопроизводство, организациони субјекти, фамилијарен бизнис, мало претпријатие.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 28 Apr 2014 09:28
Last Modified: 28 Apr 2014 09:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9812

Actions (login required)

View Item View Item