Организациско однесување - учебник

Taskov, Nako and Mitreva, Elizabeta (2014) Организациско однесување - учебник. Универзитет „Гоце Делчев", Штип. ISBN 978-608-244-008-8

[img]
Preview
Text
ZA REPOZITORIUM - UCEBNIK - OODNESUVANJE.pdf

Download (672Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/detal.php?id=265&ugd=4a15...

Abstract

Потребата за изработка на е-учебник по предметот Организациско однесување беше голема, со цел студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип да се стекнат со основни знаења од областа на деловната култура во компании. При подготовката на текстот, од комплементарна смисла, е задоволена програмската ориентација на предметните основи на предметот. Во времето на транзиција од индустриската во информатичката економија доаѓа до општествени промени во целиот свет во кој хуманата димензија на квалитетот на деловната култура во секоја компанија зазема клучно место во воспоставувањето на визијата, стратегијата, вредностите и религијата кај луѓето. Во овој учебник е дадена анализа на македонското стопанство и институциите во последниве години кога во нашето опкружување се случуваат крупни општествено - политички, економски и културни промени во рамките на процесот на транзиција кон демократско уредување и пазарно работење. Таквите промени се проследени и со промени во сите сегменти на живеење, а посебно во компаниите кои секојдневно се соочени со промени на пазарот, сопственоста, со промени во општеството. Новиот, современ концепт на квалитетот на деловната култура, квалитетот на деловните процеси, производи/услуги бара постојано да се менуваат луѓето, нивниот став, стил на работа, да заживее нешто ново. Ракописот треба да им послужи и на македонските компании да можат побрзо да одговорат на промените преку нивно внатрешно менување кое ќе овозможи нивно ефективно функционирање во новите услови. Тоа значи, развивање нов систем на вредности и норми, нова култура која ќе го поддржи менувањето на досегашните начини на однесување и делување и развој на нови парадигми во согласност со барањата на новите услови. Книгата треба им користи на сите заинтересирани страни за пробој на новата парадигма за квалитетот не само во македонските компании, туку и во државната хиерархија и институциите на системот и да овозможи новата филозофија на TQM (Total Quality Management) и креативноста да станат водечка сила во правец на создавање нова национална политика. Клучен фактор во спроведувањето на културата по TQM е тимската работа која би го поттикнала менувањето на организациската култура. Ја изразуваме нашата благодарност до рецензентите за укажаните сугестии во правец на подобрување на квалитетот на ракописот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Apr 2014 09:49
Last Modified: 23 Apr 2014 09:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9786

Actions (login required)

View Item View Item