Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro

Koleva Gudeva, Liljana and Rafajlovska, Vesna and Spasenoski, Mirko (2004) Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro. In: XVIII конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, 23-25 Sept 2004, Охрид, Македонија.

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
BFT-11-Koleva-Gudeva-e.pdf

Download (279Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Content XVIII-CCTM-BFT-11.pdf

Download (1449Kb) | Preview

Abstract

Од сите групи на секундарни метаболити, од биолошко активни компоненти на видот Capsicum annuum L., водечко место имаат алкалоидите капсаициноиди. Тоа се прости фенолни амиди, се среќаваат исклучиво во претставници на родот Capsicum, и го даваат лутиот вкус на пиперката [Govindarajn, 1986]. Капсаицинот, N-[4-хидрокси-3-метокси бензил]-8-метил-нон-транс-6-анамид, е силен и стабилен кристален алкалоид, и иако е без боја, вкус и мирис, тоа е едно од најлутите познати соединенија, а според податоците на De Witt [1999], човековото непце го забележува и во разредување од 1:17 000 000. Клиничките испитувања, in vivo и in vitro, покажуваат дека биолошкиот потенцијал на капсаицинот потекнува од неговата неверојатно силна и стабилна структура на секундарен метаболит - алкалоид, а оттаму доаѓа и неговото повеќекратно дејство: смирување на болка, антимикробно, антибактериско, антиканцерогено, анестетско, аналгетско, цитостатичко, хемотераписко и како фармаколошки агенс [Davison, 2000]. Досегашните научни истражувања покажуваат дека методот на in vitro култури на растителни клетки и ткива наоѓа голема примена кај повеќе видови од родот Capsicum, а литературните податоци ја потврдуваат примената на најразлични типови на експланатати [George, 1996]. Во поново време истражувањата се насочени кон испитување на продукцијата на некои секундарни метаболити кај видови од родот Capsicum. Во овој поглед, примената на методот на in vitro култури на растителни клетки и ткива е насочен во правец на зголемување на биосинтезата на секундарните метаболити во услови in vitro [Sasson, 1991].

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 17 Apr 2014 08:45
Last Modified: 17 Apr 2014 08:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9768

Available Versions of this Item

  • Продукција на капсаицин во култура од пиперка (Capsicum annuum L.) во услови in vitro. (deposited 17 Apr 2014 08:45) [Currently Displayed]

Actions (login required)

View Item View Item