Корпоративно управување со процесите на репродукционо поврзување, здружување и профитабилно работење

Miceski, Trajko and Pasovska, Silvana (2014) Корпоративно управување со процесите на репродукционо поврзување, здружување и профитабилно работење. 005.742:005.72 (075.8), 334.722:001.895(075.8) . „Ацетони" Прилеп. ISBN 978-9989-2797-1-3

[img]
Preview
Text
B5 - Корпоративно управување.pdf

Download (3983Kb) | Preview

Abstract

Иновацијата е процес на создавање комерцијален производ или процес на инвентивност. Така, во смисла на создавањае вредност, потенцијалот на инвентивноста се искористува само кога фирмата развива и продава производ кој ги задоволува моменталните или незадоволителните потрошувачки потреби. Еден начин да се гледа на вредноста создадена од претходни иновации е истите да се групираат по функционалност. На пример, некои иновативни производи создадоа вредност за потрошувачите во нивните домови.Според тоа, иновациите, претприемаштвото, корпоративното претприемаштво (како една фирма на претприемаштво) и работата на претприемачите влијаат на напорите на фирмата да постигне стратегиска конкурентност и да заработи натпросечен профит. Корпоративното претприемаштво е процес во кој еден поединец или група во постојната организација создава ново вложување или развиваат иновација. Значи, организацискиот процес што придонесува за опстанок, унапредување и развивање на перформансите на фирмата, каде еден поединец или група во постојната организација создава ново вложување или развива иновација,се нарекува корпоратинвото претприемаштво. Друга значајна поставка е дека корпоративното претприемаштво е збир на иновации, обновување и претприемачки напори на фирмата. Фактите покажуваат дека практиките на корпоративното претприемаштво се изразуват т.е потврдуваат преку ефективна примена на процесот на стратегиски менаџмент на фирмата. Едно од прашањата на кои се осврнува фирмата кога применува процес на стратегиски менаџмент за помагање на корпоративното претприемаштво, е да се одреди како да се искористи генијалноста на вработените во фирмата и да се наградат за тоа, истовремено да се задржат неки награди за претприемачките напори во корист на акционерите.Со намера да ја креираат иднината, организациските претприемачи, вклучувајќи се во корпоративното претприемаштво преземаат ризици и дејствуваат агресивно и проактивно во нивните фирми. Тоа значи, дека, претприемачите ги насетуваат (осознават) можности пред другите и преземаат ризици спротивставувајќи се на несугурноста за основање нови пазари, развивање нови приозводи, или формирање иновативни производни процеси или механизми за услуги на испорака. Иако сите членови на фирмата можат да бидат претприемачи, очекувањата од нивното претприемаштво варираат по организациски нивоа. Врвните менаџери, на пример, треба да се обидуваат да воспостават претприемачка култура што ќе ги инспирира поединците и групите да се вклучат во корпоративното претприемаштво. Според тоа, иновациите, претприемаштвото, корпоративното претприемаштво (како една фирма на претприемаштво) и работата на претприемачите влијаат на напорите на фирмата да постигне стратегиска конкурентност и да заработи натпросечен профит.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 07 Apr 2014 07:52
Last Modified: 07 Aug 2015 08:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9702

Actions (login required)

View Item View Item