Успешен Новогодишен концерт на ФМУ

26.12.2013 - Синоќа во Мултимедијалниот центар на УГД се одржа традиционалниот Новогодишен концерт на студентите и професорите од Факултетот за музичка уметност.

Публиката која беше присутна во салата со огромен аплауз го награди одличниот настап на студентите од Вокално-инструменталниот оддел. ФМУ постојано ги изненадува љубителите на музиката со креативен програмски концепт, така беше и годинава, на концертот беа изведени познати дела на Моцарт, Шопен, Гершвин, Брамс и други познати светски композитори, а преку фотографии ви ја пренесуваме и атмосферата од уште еден успешен концерт на Факултетот за музичка уметност.

 

20/03/2014
20.3.2014 - Во пресрет на Ораторските средби кои ќе се одржат на УГД студентите се обучуваа за тоа како да говорат јавно сите техники и...