Биоетика и поезија

Kukubajska, Marija Emilija (2013) Биоетика и поезија. ЕМАРИ Институт. ISBN 978-608-4726-01-2

This is the latest version of this item.

[thumbnail of bioetika i poezija.pdf]
Preview
Text
bioetika i poezija.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Белешки за справувањето со авторска слобода во книжевниот превод
Разликите во квалитетот од оригиналот до преводот често наликуваат на различни модулации помеѓу родителите и нивните наследници, како ново генериран одраз на примарниот идентитет. Текстот-родител тежнее да задржи неповторливо појаки носители на пораката, меѓутоа, во некои случаи копијата од родителскиот модел, сега нов идентитет, се докажува како поинвентивно и поуспешно слободна од примарниот извор на своето потекло.
Мини-есеите со био-етички и еколошки теми во литературата и поезијата оригинално се напишани на англиски јазик, а преведени на македонски. Стилот и јазикот искажани на англиски секогаш претставуваат стимулативен предизвик за иновативност во преводот, во овој случај на македоски јазик, меѓутоа тие често наметнуваат и комплексни потешкотии во аналогно пренесување на зборот и концептот. Затоа, истражувачите на компаративниот превод, како и студентите по англиски јазик, од трите циклуси на високо образование, можат во ова издание да најдат пример за како потребата од слободно пре-структуирање на „мислата зад јазикот“ треба да му дава авторско право на книжевниот преведувач да се ослонува на 1) сопствен референтен материјал; 2) лично искуство во туѓиот, и сопствен јазик, и 3) автентична предиспозиција за поетски израз. Тие се едни од главните предуслови што го чинат преводот автохтон, оригинален а сепак најблизок до смисолот дифузиран од другиот јазик.
Како автор на оригиналот и на преводот, си давам слобода на тој варијабилен избор во преводниот процес, зашто таквата слобода ја сметам за неопходен реквизит за пресоздавање/преводување на текстот, а особено на повеќеслојните, повеќезначни неологизми. Тоа може да се спореди со градба која до секој физички детаљ егзактно може да е пренесена и рекомпонирана, од англиско на американско тло, но градбата сепак преоѓа во нова, специфична средина, во поинакви педолошки услови, фенг-шуи влијанија на природните елементи или е изложеност на различна набљудувачи на таа градба со поглед поинаков од набљудувачите од пред неколку века (пр.: катедралата на Сер Кристофер Рен од Англија пренесена во Вестминстер колеџот, Черчил академија, Фултон, Мизури).
Ова двојазично издание го посветувам на моите студенти кои често бараат двојазични изданија во иста книга, или книги кои најнепосрдено би ги ангажирале во анализа на преводот и во лигвистичко и филозофско толкување на значењето од еден во друг јазичен медиј. Неограничените преведувачки можности преку компјутерски помагала (CAT, computer aided technology), фасцинираaт, меѓутоа, врвниот квалитет на преведените идеи останува да зависи од субјективната креативност на преведувачкото авторство. Со желба моите студенти постојано да ги надминуваат сопствените можности да анализираат, критикуваат и доусовршуваат преведувачки модели, и со надеж дека овие примери ќе им претставуваат мотивација за натамошно дизајнирање на нивните сопствени варијации на тема автентичен превод, ова издание им го посветувам на нив, идните премостувачи на бариерите во светот денес каде сеуште постојат повеќе од 6000 говори и јазици.
Ваша,
Д-р Марија Емилија Кукубајска (Вашингтон, 2009/Штип, 2013)

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 15 Mar 2014 16:36
Last Modified: 15 Mar 2014 16:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9462

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item