ПЕТ радиофармацевтици (карактристики и монографии)

Janevik-Ivanovska, Emilija (2013) ПЕТ радиофармацевтици (карактристики и монографии). In: Втора стручна работилница „Позитронска емисиона томографија (ПЕТ) во радиофармација“, 01 Dec 2013, Skopje. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Втора Стручна работилница „Позитронска Емисиона Томографија (ПЕТ) во радиофармација.pdf

Download (293Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
5. ПЕТ радиофармацевтици (карактеристики и монографии) - Про.pdf

Download (451Kb) | Preview
Official URL: http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2013/11...

Abstract

Со откривањето и воведувањето на позитронската емисиона томографија (ПЕТ), за кратко време се забележа голем пораст на производство и користење на ниско енергетските циклотрони ( 9-19 MeV), кои се користат исклучиво за производство на кратко живечки ПЕТ радиоактивни изотопи, како флуор - 18, јаглерод -11, азот-13 и кислород-15. Воведувањето на флуор-18 деокси гликоза (18F–FDG) во клиничката пракса по нејзината прва синтеза во 1976 година во Brookhaven Националната лабораторија значи и почеток на нова ера во дијагностичките нуклеарно медисински постапки. Во почетокот идејата за нејзино користење беше следење и визуелизација на метаболните промени во мозокот при невролошки заболувања. После тоа почна да се користи и за студирање на миокардијална одржливост што се должи на поголемата искористеност на гликоза при размножувањето на клетките. Употреба на 18F - FDG се повеќе се зголемуваше и денес главно како резултат на нејзината способност да се акумулира во клетките и преку тоа следат метаболните промени, а што произлегува од механизмот сличен на оној на гликозата, се кристи за рано откривање на малигни заболувања и следење на успешност на нивната терапија, невролошки заболувања со рана дијагностика на Алцхајмеровата болест, дијагноза на инфекции и инфламации со непознато потекло, кардиоваскуларни промени. Покрај овој најчесто користен ПЕТ радиофармацевтски препарат, денес во клиничката пракса се користат и други радиофармацевтски препарати на флуор-18. Покрај флуор-18 и ПЕТ радиоактивни изотопи добиени во циклотрон, во последните пет години се позначајно место завзема и галиум-68 кој се добива од германиум - 68 генератор. Галиумот-68 се користи најчесто за обележување на пептидни радиофармацевтски препарати за дијагностицирање на малигни заболувања, најчесто на невроендокринолошки тумори. Друг генератор кој произведува ултракратко живечки рубидиум-82 (време на полураспаѓање од 75 секунди) се користи за одредување на протокот на крв во миокардот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Emilija Janevik
Date Deposited: 06 Mar 2014 11:50
Last Modified: 06 Mar 2014 11:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9386

Actions (login required)

View Item View Item