Статусот на лексемите со турски суфикси во македонскиот јазик денес

Leontik, Marija (2011) Статусот на лексемите со турски суфикси во македонскиот јазик денес. Годишен зборник 2011 - УГД, Филолошки факултет, 2. pp. 115-122. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
2011-UGD-ZBORNIK.pdf

Download (1955Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/95

Abstract

Лексичките заемки со турски суфикси квантитативно и квалитативно го имаат збогатено македонскиот јазик и голем дел од нив се употребуваат и денес во разновидни сфери. Процесот на восприемање и примена на лексичките заемки со турски суфикси се случуваше во долг временски период. Лексемите со турски суфикси во поглед на временската оска се застапени во неутралната лексика, архаизмите и историцизмите; во нестандардната лексика се застапени со фамилијаризмите, дијалектизмите, аргото; а во поглед на функционалните стилови се употребуваат во разговорниот функционален стил, уметничколитературниот функционален стил и публицистичкиот функционален стил. Лексемите образувани со турски суфикси, и воопшто турцизмите, не се застапени во административниот и во научниот функционален стил затоа што во историскиот развој на македонскиот јазик турцизмите сè повеќе го губеа своето неутрално обележје и стануваа стилски обоени. Оваа тенденција се случуваше во долг временски период паралелно со стандардизацијата на македонскиот јазик и осовременувањето на условите за живот и работа. Клучни зборови: турски суфикси, неутрална лексика, архаизми, историцизми, фамилијаризми, дијалектизми, арго, разговорен функционален стил, уметничколитературен функционален стил, публицистички функционален стил

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 27 Feb 2014 11:24
Last Modified: 27 Feb 2014 11:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9293

Actions (login required)

View Item View Item