Турските елементи во македонските имиња и презимиња

Leontik, Marija (2010) Турските елементи во македонските имиња и презимиња. Годишен зборник 2011 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 1. pp. 109-117. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
2010-UGD-ZBORNIK.pdf

Download (1252Kb) | Preview

Abstract

Оваа студија ги опфаќа македонските имиња и презимиња што имаат турски елементи. Личните имиња и презимиња се многу важен дел од нашата идентификација и тие се развивале долго време во минатото. Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и турското влијание на македонскиот јазик е многу големо. Во оваа студија ќе дадеме општ преглед на турското влијание на македонските имиња и презимиња на следниве лингвистички нивоа: лексичко, морфолошко и фонетско. Во 544 лични имиња и 4181 презиме кај Македонците со турски елементи, најмногу се застапени турските лексички единици чиј број изнесува 1304 лексеми. Но оваа бројка ни оддалеку не ја покажува вистинската состојба на застапеноста на турските лексеми во македонската антропонимија, бидејќи најголемиот дел од горенаведениот фонд на турски лексеми имаат голема фреквенција и се карактеризираат со хомонимија. Овие лексеми се од најразлични области чии траги има и денес во современиот македонски јазик. На морфолошко ниво констатиравме осамостојување на турските суфикси –ci, –li и –lar во македонските лични имиња и презимиња. На фонетско ниво заклучивме дека турските елементи во личните имиња и презимиња кај Македонците поретко се примале во иста форма, во најголем број на случаи тие доживувале фонетски промени како резултат на адаптацијата на македонскиот јазик. Со текот на времето можеби еден дел од овие турцизми кои се наоѓаат во личните имиња и презимиња кај Македонците нема да бидат во активна употреба или, пак, ќе прејдат во архаизми и дијалектизми, или, пак, ќе се заменат со други синонимни зборови. Но сите тие благодарение токму на личните имиња и презимињата во чија основа има лични имиња, апелативи, етници и топоними со турски елементи ќе продолжат да живеат и да се пренесуваат од генерација на генерација. Клучни зборови: имиња, презимиња, турски елементи.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 27 Feb 2014 11:21
Last Modified: 27 Feb 2014 11:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9292

Actions (login required)

View Item View Item