Корени,Бојанино оро

Jovanov, Ilco (2013) Корени,Бојанино оро. [Composition]

[img] Audio
07 Track 7.mp3

Download (4Mb)
[img]
Preview
Text
ilco jovanov koreni.pdf

Download (2151Kb) | Preview

Abstract

Автор на мучички аражман: Илчо Јованов Со исклучок на бр. 6 и 10 аражман: Благоја Дескоски Музиката на овој авторски албум е избор од едно мошне обемно творештво на еден несекојдневен музичар. „Корени“ е приказна за еден вљубеник во хармониката кој сиот свој живот не престаналда создава музика во духот и традицијата на својот народ. После многу напишани композиции, оркестрации и солистички изведби Илчо Јованов ни се претставува со овој компилациски осврт, опус кој започнал да се создава пред три децении. Роден е во Штип во 1962 година. Учествува на многу фестивали и концертира насекаде по светот. Автор е на голем број композиции, аранжмани и оркестрации инспирирани од македонскиот фолклор. За неговиот уметнички придонес доделени му се бројни врвни награди и признанија меѓу кои особено место зазема „Прва хармоника на Југославија“ освоена на престижниот натпревар во Соко Бања (поранешна Југославија) во 1982 година. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрирал на Државната музичка академија „Панчо Владигеров'' во Софија а својот докторат од областа на Музичката теорија и педагогија го стекнува на Mеѓународниот Универзитет во Киев, Украина. Професор д-р Илчо Јованов од 2007 година е декан на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот ,,Гоце Делчев'' во Штип - Република Македонија.

Item Type: Composition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 10 Feb 2014 10:29
Last Modified: 10 Feb 2014 10:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9116

Actions (login required)

View Item View Item