Познавањето на потрошувачите како клучен чекор во формулирање маркетинг стратегија

Miceski, Trajko and Stojovska, Natasa (2013) Познавањето на потрошувачите како клучен чекор во формулирање маркетинг стратегија. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 5 (1). ISSN 1857- 7628 (Unpublished)

[img] Text
T.Miceski,N.Stojovska-Yearbook 2013-Trud 1.doc

Download (828Kb)
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/

Abstract

Доброто познавање на однесувањето на потрошувачите е непобитен фактор за градење на успешна маркетинг стратегија. Разбирањето на нивните барања и перцепирани вредности се смета за едно од најсложените прашања во теоретските концепции на маркетингот, а основната причина за ваквиот третман лежи во индивидуалноста на секој потрошувач во процесот на купување. Најсоодветен пристап за осознавањето на однесувањето на потрошувачите е самото проучување на: индивидуи, групи или организации, како и процесот во кој тие избираат, обезбедуваат и располагаат со производи, услуги, искуства или идеи за да ги задоволат потребите, како и влијанието кое овој процес го има врз потрошувачот и општеството. Овде се комбинирани елементи од психологијата, социологијата, социјалната антропологија и економијата. Поради неопходноста за разбирање на потрошувачите, во овој труд се анализирани сите фактори кои имаат влијание врз нивното однесување во процесот на купување. Оваа анализа е клучен чекор во процесот на формулирање маркетинг стратегија, бидејќи секоја маркетинг стратегија која ги зема во предвид овие фактори, ги антиципира идните промени кај однесувањето на потрошувачите и го прилагодува маркетинг миксот во согласност со овие промени, ќе биде успешна. Клучни зборови: потрошувачи, однесување, познавање, маркетинг стратегија, формулирање, фактори.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 10 Feb 2014 12:11
Last Modified: 10 Feb 2014 12:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9066

Actions (login required)

View Item View Item